На прво место

Loading….. R.Macedonia for NATO and EU, објавено на Македонска нација во Јули 2009 година

eu-nato

eu-nato

Случајно или не …

Неодамна Баро ја  именуваше  нашата татковина како Северна Македонија . Дали можеби применуваше метод провокација за реакциија и точна информација од евентулен притисок на ЕК за условување на Македонија за влез во ЕУ под друго име.

Дали ваквата грешка на еден висок преставник е резултат на некакво тајно крчкање и подоготвување на терен за промена на нашето име, зошто овој висок преставник не прави грешка нарекувајќи не Р.Македонија.

Со оглед на тоа дека во наредниот период се предвидуваат засилени преговори помеѓу Р.Македонија за проблемот на Грција со нашето уставно име, овие сигнали се очигледни и за мене не претавуваат грешка .

Во време кога Македонија ги исполнува скоро сите услови за влез во ЕУ а покрај сите исполнети услови  доби вето за во Нато, во време кога Македонија доживува исполнувањето на огромен број условувања од ЕУ , тие се стремат со политички мерки да и го оневозможат на Македонија интегрирање во сојузот и унијата. Оставаат впечаток дека Македонија по секоја цена мора да го смени името за да ја добие европската и нато интеграција.

Во едно интервју Лорд Џорџ Робертсон вели дека  Скандал е што Македонија се уште не е поканета во НАТО… кога би разговарале отворено скандал е и тоа што Македонија испраќа свои војници во сите мировни мисии но никој за тоа не вели Благодарам, велат морате да бидете флексибилни во решавањето на проблемот со името, небаре учеството во овие мисии нетреба ни да се критукува ни да се фали како да е неважно.

Од друга страна Грција како стара членка на НАТО заради која немаше консензус за влез на нашата држава  во алијансата, процентуално учествува многу малку, но тоа не е важно. затоа почитувани кога веќе се зборува за принципи немојте да зборувате цитирам, … се разбира дека една членка на Алијансата може да блокира секакви одлуки во рамките на НАТО,…(Робертсон за Вечер),но истотака не заборавајте дека принципот на солидарност не се однесува само на процесот на донесување на важни одлуки туку и на задачите (учество во мисии) кои секоја членка мора да ги испочитува. Се спротивно значи поделба на земјите на омилени и неомилени, фаворизирани и помалку важни итн.

Алијансата како стара организација позната по светот по својата принципиелност или можеби повеќе  самодекларирана како таква, влечејќи вакви потези е контрадикторна сама на себе.

   Ова само по себе незначи дека глобалната слика за алијансата е негативна, но кака што тие милуваат да не критикуваат и советуваат, истотака и ние како граѓани имаме право да упатиме апел за очигледни политички непринципиелни изјави и одлуки. Така функционираат рамноправните партнери. Во спротивно, секое априорно потврдување на секоја одлука, изјава што се однесува на Македонија како правилна не става во позиција на надредени и подредени. Ова пред се заради тоа што во НАТО сите солидарно и рамноправно учествуваат во процесите што ги креира потребата за безбедност во светот.

Оттука прифаќаме добронамерни совети за решавањето на проблемот за кој впрочем мислам дека е ирационален елемент во целата приказна за НАТО, но не и постојан притисок кој веројатно се должи на помоќното грчко лоби. И самите високи преставници на алијансата ќе кажат.. видете живееме во реален свет на политика, понекогаш индивидуалните интереси на земјите мораат да бидат жртвувани за општото добро на алијансата…, па зарем, Македонија во целата оваа работа не е општото добро, а проблемот на Грција индивидуален интерес кој што се обидува да го реализира  неблагодарно користејќи ги механизмите што и стојат на располагање како членка на НАТО.

Македонија цврсто стои на својата европска и евроатланска интеграција, исполни скоро се што  се побара од неа, но во секоја работа треба да се биде умерен. Затоа постојаното потсетување: „бидете флексибилни и решете го проблемот“ е легитимно право, но пречестото манипулирање со него би можело да се квалификува како постојан притисок врз државата и граѓаните.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top