На прво место

ГРЧКО ПРИЗНАНИЕ НА МАКЕДОНСКОТО ИМЕ И АЗБУКА, прв пат во 1977 г. и втор пат во 1982 г.

makedonska-azbuka

makedonska-azbuka

Во седумдесеттите години на минатиот век тогашните грчки администрации два пати се обврзале, прв пат во 1977 година и втор пат во 1982 година, на конференции на ООН да го почитуваат името Македонија.

Еве што стои запишано во грчкиот весник “Катимерини”:
На Третата конференција на ООН за типизација на географските имиња, која се одржа во Атина во 1977 година, Грција ја прифати Резолуцијата на Конференцијата, без никакви резерви.
Според оваа резолуција системите кои се прифатени во Анексот на оваа Резолуција да бидат усвоени како меѓународни системи за транскрипција на латиница, српско-хрватските и македонските географски имиња во Југославија.

Во 1982 година на Четвртата конференција на Обединетите нации, што по истиот предмет беше одржана во Женева, грчката страна го предложи следниот став:
“Во врска со ексонимите, и покрај долгата историска употреба на грчки топоними во територии надвор од границите на денешната грчка држава, Грција им дава поддршка на сите соодветни резолуции на Конференцијата на Обединетите нации за типизација на географските имиња, особено на оние што се однесуваа: на ликвидирањето на ексонимите кои се наоѓаат во меѓународна употреба (мапи, патни исправи, пропаганден материјал), што е можно побрзо; на почитување на националните топоними, така како што тие се типизирани од компетентните органи на географските имиња во секоја одделна земја”.
Овој текст на Резолуцијата е пренесен во грчкиот весник “Катимерини” од страна на новинарот К.И. Ангелопулос, а написот датира од 14 февруари 1993 година.

Сe’ ова значи дека пред триесеттина години официјална Атина ни ги признала правата за употреба на името Македонија и придавката македонски, вклучувајќи го и јазикот.

Едноставно и јасно во 1982 година, во Женева, Грција го признала името Македонија.
Во рамките на Договорот приложени се и документи и мапи како материјален доказ за тоа.

Од своја страна, Грција понудила географски карти за својата територија на кои немало ниту еден регион, ниту една област од денешната грчка држава, која го носи името Македонија.
Тоа се случило дури во 1988 година.
Документите биле донесени без гласање, со акламација, на 31 август 1982 година.

Првата Резолуција од 1977 година е заведена под број E/CONF.69/C.IV/L.4.

Резолуцијата од 1982 година е запишана во Организацијата на Обединетите нации под бројот E/CONF.74/L.107 како дел од заклучоците на Конференцијата за типизација на географските имиња.
Во регистарот на усвоени резолуции стои дека таа е подготвена од Благој Зашов.

Грчката резолуција, пак, која го опфаќа и горенаведениот напис во “Катимерини” е заведена под број E/CONF.74/L.110 и како нејзин автор се спомнува контроверзниот Евангелос Кофос.

Е/CONF 74/L.110 е бројот (види горе) под која е заведена Резолуцијата во ОН со која Грција се согласува со користењето на македонската азбука и македонските географски имиња.

Михаил Барак

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top