На прво место

Никој нема право да преговара за името, идентитетот и уставот на Републиката

omd

OMD

АПЕЛ НА ОМД ЗА ПРЕДСТОЈНИОТ САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО СОФИЈА

По повод предстојниот Самит на земјите од Западен Балкан во Софија, Република Бурагија, закажан за 17ти Мај 2018 година, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), и покрај пораките канализирани преку 40 мирни и демократски собири со излезност од над 150.000 Македонци ширум светот преку глобалното движење Ние Сме Македонија, апелира до владините субјекти да се воздржат од преговорите за промена на името, уставот, суверенитетот и идентитетот на Република Македонија.

ОМД како најголема организација на Македонската дијаспора, верува дека никој нема право да преговара за името, идентитетот и уставот на Републиката, за кои на 8 Септември 1991 година, со убедливо мнозинство од 95%, народот одлучил за тоа како ке се именува, уредува и идентификува државата, во нејзнината внатрешна и надворешна политика. Според ОМД, промена на името, уставот и идентитетот на Македонија, е казливо дело, за кое ОМД се залага да ги информира сите субјекти од Советот за Безбедност на Обединетите Нации и организации за Човекови Права, како би се докажала нелегитимноста на чинот и неговите чинители.

Наместо политика на понизност како би се удоволило на безкрупулосните барања на јужниот сосед, ОМД апелира да се задржи достоинството на Македонија преку прекин на прегодоворите и посветено работење на нејзините демократски капацитети, економија и конкурентност. Наместо промена на името на државата, ОМД верува дека на Македонија и е потребно структурално рестартирање со цел да се постават здрави основи за соодветно работење на административниот, правниот, корпоративниот, финансискиот и граѓански сектор. Во тој правец, ОМД ги подржува политичките субјекти да ја искористат можноста за соработка со земјите членки на Европската Унија и регионот, преку Берлинскиот процес и предстојниот Самит за Западен Балкан во Софија, Република Бугарија.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top