На прво место

Реализација на партиско политички нарачки и неправда

Невини луѓе кои не оствариле никаква имотна корист се осудуваат со драконски казни, а Заев кој бараше поткуп се ослободува од каква било одговорност

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ова што го видовме денеска не е суд и правда, туку реализација на партиско политички нарачки и неправда. Невини луѓе кои ниту оствариле каква било имотна корист и не предизвикале никаква штета се осудуваат со драконски казни, а Зоран Заев кого целата јавност го виде како бара поткуп се ослободува од каква било одговорност.

Без ниту еден доказ, без никаква надлежност, судот прифати обвинение покренато од партискиот орган СЈО и судијата Добрила Кацарска денеска изрече осудителна пресуда и казна затвор во времетраење од девет години.

Вакви процеси, какви што води судот под притисок на криминалниот картел на власта се водат само во Северна Кореја, а можеби ни таму. Вакви пресуди врз вакви докази не изрекувале ниту црвените кмери во Камбоџа.  Правосудството денеска го допре дното.

Ниту некој прибавил против-правна имотна корист, ниту е направена материјална штета. Набавените возила се уште се користат во Министерството за внатрешни работи. Постапката за набавка на 300 автомобили е спроведена согласно закон и потребите на полицијата. Постапката е завршена со јавно отворање на понудите, по што е донесен извештај со предлог за избор за најповолен понудувач. Одлуката за избор ја донела комисијата за јавни набавки, која е составена од искусни професионалци и специјалисти за јавни набавки, кои ја сугерирале и примениле одредбата од неговата одлука за јавна набавка која се однесува на деливоста на набавката внатре во лотовите. Сведочењата на  членовите на комисијата за јавни набавки се во прилог на одбраната. Сите сведоци кажаа дека постапиле согласно закон и согласно интересите и потребите на службата, без никој да им се меша во одлучувањето.

Одлуката со која СЈО ја темели својата надлежност врз предметот е невалидна.  Имено  предметот  СЈО го заснова врз само еден приватен телефонски разговор. Впрочем и самото СЈО тврди дека економските оператори чија понуда била избрана на тендерот не оствариле екстра профит, односно им била исплатена реалната вредност на возилата.

Почитувани,

СЈО нема ниту еден издржан аргумент. Пресудата, особено нејзината висина е одраз на политички притисок од страна на картелот на власт. Зоран Заев лично го најави овој прогон и во негова изјава пред неколку дена ги најави првите пресуди. Ова е крах за македонското судство и понижување за целата правна фела. Денеска судството го погреба правото и правната држава. Република Македонија станува држава во која има политички осуденици, а лица како Заев кои целата јавност ги виде како бараат едно евро за црквата и едно евро за Вицето се шетаат слободно.

На ваквото однесување мора брзо да му дојде крајот.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top