На прво место

Принцип EX INJURIA JUS NON ORITUR

Проф.др Игор Јанев

Прифаќањето на наметнатите услови за прием во ОН од страна на Република Македонија не ги легализира нелегалната постапка за прием и нелегалните обврски.

Во врска со актуелизирање на прашањето за воспоставување на уставното име на Република Македонија во Обединените Нации понекогаш се поставува прашаwето дали таков чекор е правно возможен кога се знае дека Македонија фактички ја прифати резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ОН со која беше извршен приемот, а која ги содржи условите да Македонија:

а) го прифати привременото име (“реферирање”) ПЈРМ за користење во системот на ОН и

б) да преговара со Грција околу своето име. (Вториот услов е даден во имплицитна форма: референцата ПЈРМ ќе се користи “се додека не се разреши разликата која се појави околу името”, но во резолуцијата на Советот за безбедност 817 (1993), со која приемот се препорачува, тој има и експлицитен вид).

Прифаќањето на оваа резолуција од страна на Македонија имплицира дека таа го прифаќа и “реферирањето” ПЈРМ во ОН и обврската да преговара околу своето име со Грција. Од друга страна, во нотата на тогашниот Претседател на Владата на Република Македонија од 24 март 1993 година до Претседателот на Советот за безбедност, во врска со Нацртот на резолуцијата 817 (1993) на Советот, се нагласува дека “Република Македонија ни под кои услови не е спремна да го прифати ПЈРМ како име за земјата”.

Во истата нота исто така се изразува и “разочарување” што Советот за безбедност не ја следел стандардната форма на резолуциите за прием на нови членки во ОН.

Овој протест на македонската влада во врска со текстот на препорачувачката резолуција на Советот за безбедност, меѓутоа, е наполно игнориран во дефинитивните текстови на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност, а и во рез. 47/225 (1993) на Генералното Собрание. Произлегува дека условите а) и б) при приемот на Македонија и се наметнати. (Дали при овие околности македонската влада би требала да ја повлече својата апликација за членство во ОН е политичко прашаше.)

Нас овде не интересираат правната валидност и правните последици на прифаќањето на резолуцијата 47/225 (1993) со наметнатите обврски за Македонија. Посебно, дали прифаќаwето на условите а) и б) може да биде препрека за превземање чекори кај ОН за испитување на нивната законитост, односно нивната согласност со одредбите на Повелбата на ОН.

Како што покажува правната анализа на резолуциите 817 (1993) на Советот за безбедност и 47/225 (1993) на Генералното Собрание на ОН, поставувањето на условите а) и б) на Македонија при нејзиниот прием во ОН претставува грубо кршење на Повелбата на ОН. Бидејќи со аргументите и резултатите на таа анализа нашата (па и светската научна) јавност е веќе запознаена, овде, заради дефинираwе на контекстот, ќе ги споменеме само најважните заклучоци на анализата.

Приемот на државата во членство на ОН е регулирано со членот 4 на Повелбата, чиј прв став ги пропишува условите за прием. Према советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година, прифатено и од Генералното Собрание на ОН (со резолуцијата 197/III (1948)), тие пропишани услови се егзостивни (потребни и доволни) и неможат да се прошируваат со дополнителни услови. Членка на ОН, која во Советот за безбедност или Генералното Собрание гласа за прием во членство во ОН на некоја држава, “правно не е овластена да ја даде својата согласност за прием во зависност од услови кои не се изрично предвидени во ставот 1 од речениот член (4)”, се вели во споменатото судско мислење што е потврдено со резолуцијата 197/III (1948) на Генералното Собрание.
Во резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност се оценува дека Македонија ги задоволила критериумите за прием наведени во членот 4, став 1 од Повелбата (со што Македонија стекнува право на членство), но се додаваат уште и гореспоменатите два услови, со што се проширува исцрпното множество на потребни и доволни услови на членот 4. Вклучувањето на овие услови во резолуцијата за прием има нелегален карактер, бидејќи членот 4, интерпретиран со прифатеното Судско мислење од 1948 година, претставува правна норма. Гласањето во Советот за безбедност и во Генералното Собрание за соответните резолуции, сврзани за приемот на Република

Македонија во ОН, кои ги содржат дополнителните услови, очигледно претставува пречекоруваwе на овластувањата на овие органи. Вклучувањето на овие услови во резолуциите за препорака и одлучување за приемот, поред оние од членот 4 за кои се тврди дека Македонија ги исполнила, доведува до ad hoc воведуваwе во системот на ОН нова институција на “условен прием”, што не е предвидено со Повелбата, или со било кој друг документ на ОН. Имено, дополнителните услови поставени на Македонија при приемот не се услови што таа треба да ги исполни пред влегување во членството, туку обврски што таа треба да ги прифати како членка (ако сака да постане членка). Ова укажува дека дополнителните услови поставени на Македонија немаат правна, туку чисто политичка природа. Поставањето на (и гласањето за) дополнителните услови во соответните резолуции за препорака и прием на Република Македонија во членство на ОН, према тоа, претставува грубо кршење на членот 4 од Повелбата и одземање на правото на кандидатот на прием во членство, кога ги исполнува пропишаните (во членот 4 на Повелбата) критериуми за прием.
Нелегално поставените дополнителни услови за Македонија при нејзиниот прием во ОН имаат и други, значително поважни правни ефекти. Со наметната деноминација ПЈРМ (за користење во ОН), на Македонија и се одзема нејзиниот правен идентитет (и заменува со друг), и поред нејзиното противење (во напред споменатата нота) на македонската влада. Одземањето на правниот идентитет на државата, како битен елемент на нејзината правна личност (заштитена со Декларацијата за принципите на ме|ународното право од 1970) представува грубо кршење на правниот принцип на суверена еднаквост на државите (-членки), прокламиран во членот 2, став 1 од Повелбата. Повеќе од тоа, со вториот услов б) за прием, Македонија е натерана да прифати обврска да преговара околу своето име, со што ОН (како, впрочем, и со улсовот а)) навлегуваат во доменот на строгата внатрешна јурисдикција на државата, спротивно на член 2, став 7 од Повелбата. Изборот на името е инхерентно право на секоја држава (самоопределуваwе на сопствениот легален идентитет), односно влегува во jus cogens нормите на меѓународното право. Со обврската за преговори со Грција околу името, на Македонија и се одзема едно инхерентно право, а на еден надворешен субјект (држава) му се дава возможност за мешање во внатрешните работи на државата. Тоа е исто така спротивно на членот 2, став 4 и 7 од Повелбата. Деградираната правна личност на Македонија во ОН и обврската да преговара со Грција околу името ја поставуваат Македонија во дискриминирана положба во однос на другите држави-членки на ОН, т.е. во нерамноправен членски статус.

Принципите на ОН внесени во членот 2 на Повелбата представуваат првни норми кои ги обврзуваат како ~ленките, така и Организацијата на ОН, како меѓународен правен субјект. Нивното прекршување повлекува правна одговорност. Како и повредата на член 4, став 1, повредите на став 1 (суверена еднаквост на државите – членки) и став 7 (немешање во внатрешната јурисдикција) од членот 2 на Повелбата представуваат акти на пречекорување на овластуваwата на Организацијата (ultra vires акти).

Да се вратиме кон прашањето поставено во почетокот: дали прифаќањето од страна на Македонија на резолуцијата со која е примена во членство во ОН, заедно со дополнителните обврски за Македонија кои таа резолуција ги содржи, ги отстранува повредите на членовите 4 (став 1) и 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата направени со таа резолуција? Одговорот е очигледно негативен. Членот 4 е правна норма и нејзината содржина и дејство не можат да зависат од “договорот” меѓу апликантот и Организацијата за нивно менување. Безправниот карактер на дополнителните услови а) и б) за прием на Македонија во членство на ОН произлегува од самиот карактер на таа норма (да ги фиксира условите за прием) и од фактот што дополнителните услови го трансцендираат чинот на приемот и, према тоа, немаат правна природа.

Согласно со принципот во меѓународното право ex injuris jus non oritur (од безправие не може да произлезе право), прифаќањето на незаконски поставените услови нема правна релевантност, т.е. не може да ги легализира таквите услови. Согласноста на апликантот да ги исполнува обврските сврзани со дополнителните услови за прием не ја ослободува Организацијата од одговорноста за пречекоруваwе на своите овластувања и за повредите на членовите 4 (став 1) и 2 (ставови 1 и 7) на Повелбата. Правните норми на Повелбата имаат функција да воспостават одредени права и обврски за државите – членки и Организацијата кон кои тие треба да се придржуваат. Членот 4, став 1, на пример, го заштитува правото на државата да биде примена во членство кога ги исполнува пропишаните (во тој член) услови. Проширување на овие услови од страна на Организацијата представува повреда на оваа норма, па дури и ако апликантот се огласил со таквото проширување.

Правниот принцип ex injuria jus non oritur важи и во домашната јурисдикција. Ако е, на пример, законски пропишана минималната цена на работниот час, а работникот, заради нужда, се согласил да работи и за пониска цена, тоа не го ослободува работодавачот од одговорноста пред законот за понудената (односно платената) пониска цена на работниот час.

Во прашањата сврзани со приемот, суспензијата или исклучувањето од членство, Организацијата и државата – членка(односно апликант) се појавуваат како меѓународни правни субјекти, и тоа во однос кој има контрактуални карактеристики. Како што е познато од договорното право, согласноста дадена за контрактуалниот однос престанува да биде валидна ако таа е дадена под притисок, на измама, во заблуда, по грешка или со кршеше на правилата на меѓународното право и посебно, неговите jus cogens норми (како што се правната еднаквост, самоопределувањето, недискриминацијата и сл.). Во случајот на приемот на Република Македонија во ОН, прифаќањето на дополнителните услови за прим можел да биде резултат на возможни притисоци од разен вид, заблуда за законитоста на предложените нацрт – резолуции за приемот и сл.

Во секој случај, контрактуалниот однос (приемот) е воспоставен со нарушување на принципот на самоодредуваwе на легалниот идентитет и со воспоставуваwе на дискриминиран членски статус (правна нееднаквост) на Република Македонија, што укажува на правната невалидност на приемот (односно дефектност на резолуцијата 47/225 (1993)).

Заради сите овие причини, прифаќањето од страна на Република Македонија на дополнителните услови (обврски) содржани во резолуцијата 47/225 (1993) на Генералното Собрание не може да се смета дека има правно дејство. Затоа Македонија има полна правна слобода да го постави прашањето за легалноста на тие услови пред Генералното Собрание на ОН, односно да предложи резолуција во Генералното Собрание со која Генералното Собрание бара советодавно мислење од Меѓународниот суд на правдата за согласноста на поставените дополнителни услови кон Македонија при нејзиниот прием, со одредбите на Повелбата.

Note: Bilateral agreement between Macedonia and Greece (1995) can not prevent actions of the United Nations organs or delivering of the ICJ Advisory Opinion.

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top