На прво место

На граѓаните во Македонија Никола Груевски им е потребен како леб насушен

gruevski

gruevski

ГЛАВАТА ГОРЕ ГОРДИ МОИ МАКЕДОНЦИ И ГОРДИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА!!!

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски денеска во политички монтиран случај беше осуден на две години затворска казна, казна која од одбраната најавија дека ќе ја обжалат.

Груевски на граѓаните во Македонија преку Фејсбук им порача да им остане главата горе и да не забораваат, дека ова е нашата земја и ничија друга.

ГЛАВАТА ГОРЕ ГОРДИ МОИ МАКЕДОНЦИ И ГОРДИ ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА!!!

Ова е твоја земја, ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе, во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња.

Главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја, ова е земја на сите вие кои што живеете во неа и ничија друга, ВИЕ ОДЛУЧУВАТЕ! ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Никола Груевски 11 години беше премиер на земјата и ги постигна најдобрите резултати.

Под негово раководство како премиер на Владата на Македонија, успешно ги надминуваше предизвиците и земјата чекореше напред, додека економската криза го тресеше светот. Македонија стана огромно градилиште, беа донесени странски инвестиции, се отворија 170.000 нови работни места и невработеноста се смали на рекордно ниво.

Никола Груевски беше премиер на РМ со најголем рејтинг во народот, стана непремостива пречка за центрите на моќ. Тие, за да ја разнишат поддршката и за да ја скршат вољата на македонскиот народ, започнаа специјална војна за дискредитација на Никола Груевски.

Со помош на петата колона и Соросовите невладини оргазнизации во земјата, преку Пржинските договори го натераа најуспешниот премиер од осамостојувањето на земјата да се повлече од премиерската функција и го спречија да формира влада иако победи на изборите во 2016.

Свесни за популарноста на Груевски меѓу народот продолжувајќи со интриги и дискредитации, на центрите на моќ од разни страни испраќаа пораки во кои се бараше од Никола Груевски да си даде оставка од лидерското место на партијата.

На граѓаните во Македонија Никола Груевски им е потребен како леб насушен, кој има визија, знаење и умеење да го води македонскиот брод низ немирното море чии бранови од разни сфери на влијание се судираат тука во Македонија.

Манојил (Мане) Јаковлески

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top