На прво место

Патот кон НАТО и ЕУ не треба да биде проследен со трескање врата пред носот на Русија

Бугарите трчаат на бацирака кај Путин

Во една недела бугарскиот политички врв „скрши нозе“ да дојде кај рускиот претседател Владимир Путин на бацирака. Минатата недела бугарскиот претседател Румен Радев се сретна со Путин во Сочи, а во средата Бојко Борисов во Москва дури два пати се поплукуваше пред Путин за лошиот период во руско-бугарските односи во изминатите неполни десет години. Практично од отказот на изградбата на гасоводот „Јужен тек“ и изградбата на атомската централа „Белене“, кои и нанесоа материјална штета на Русија од близу една милијарда долари. И затоа никој во Русија не сакаше да разговара со Бугарија, туку за енергетиката разговараа со ЕУ.

Што е тоа што ги натера Радев и Борисов да му се извинуваат, се разбира повеќе Борисов, на Путин за се она што се случи во меѓусебните односи. Интересот. Бугарскиот интерес. Со доаѓањето на Доналд Трамп на чело на САД се изменија и работите во ЕУ, а на што сме сведоци деновиве со речиси започнатата трговска војна на САД со остатокот на светот. Токму отсуството на американски притисок врз Бугарија направи Бугарите да кренат глава во ЕУ и да проговорат за она што ги мачи. Како да наплатат за нанесените големи економски штети со неизградбата на „Јужен тек“ и централата „Белене“.

Што се случи со „Јужен тек“? Сите документи за негова изградба беа потпишани, па и меѓувладин договор, имаше дозвола за градба од бугарска страна, Русите нарачаа цевки и италијански бродови за нивно поставување, беше даден и симболичен старт, но одеднаш се пропадна. Во предверието на почетокот на сериозни работи на гасоводот во Софија допатува делегација од американски сенатори предводена од Џон Меккејн. По средбата со нив бугарското раководство ја одзеде дозволата за градење. И „Јужен поток“ замина во историјата. Но и ги зафати студ односите на Бугарија со Русија.

Русите ова не можат да го заборават. Но и покрај тоа Бугарите се измолија за средби на највисоко ниво. Радев е познат како проруски настроен политичар, а во разговорите со Путин се залагаше и за потесна соработка на двете земји, но и за намалување на товарот од санкции врз Русија. Тој бараше да има директен гасовод од Русија до Бугарија(!). Со оглед на тоа што Радев не е тој кој што решава во Бугарија, по една недела во Москва дојде Борисов. И веќе со посилни аргументи за обновување на соработката.

„Го поздравив претседателот Путин од Жан Клод Јункер“, изјави Борисов на заедничката прес конференција со Путин по разговорите. Се чини дека ова е најновата лозинка за отворање на вратите за соработка со Русија. Дотолку повеќе што Јункер во последно време не ја вади Русија од уста, како партнер со кого треба повеќе да се соработува. Борисов истакна дека Европската комисија, претставувана од Јункер, неодамна на Самитот во Софија ја покажала шемата на Центарот за распределба на гас на Балканот, кој има поддршка и од неговите колеги Емануел Макрон, Себастијан Курц и Ангела Меркел, а кои изминативе денови се сретнале со Путин. Тие наводно ги прифатиле условите што им ги поставил Борисов во поглед на тој Центар, кој според него има принципелно значење за Бугарија и за ЕУ.

Тоа значи дека Бугарија има добиено пас од ЕУ да разговара со Русија за изградба на гасовод. Но сега Русите не се истрчуваат и не ветуваат ништо. Путин на пресот изјави дека разговарале со Борисов, но од директна гасоводна врска со Бугарија нема ништо. Бугарите можат да се надеваат да се поврзат на гасоводот „Турски тек“. И се’ врз пазарни основи. Поволностите дадени при договарањето на „Јужен тек“ сега не се ни споменуваат. Најверојатно „Турски тек“ од Турција ќе влезе во Бугарија за што согласност дал и Реџеп Таип Ердоган во разговор неделава со Путин. Значи „Турски тек“ во ЕУ треба да влезе преку Бугарија, а оттука по трасата на некогаш планираниот „Јужен тек“ во Србија, Унгарија, Австрија. Ова и одговара на Русија. Но имајќи го искуството од соработката со Бугарите Русите сега велат дека во реализација на проекти ќе одат во директен разговор со ЕУ, но и со Бугарија. Тоа е потребно да се добијат гаранции дека нема да се повтори минатото.

Инаку Бугарија како да е решена да сврти нова страна во односите со Русија. Па, се ветува водење грижа за руските меморијали споменици во Бугарија, културна соработка, руски стипендии за бугарски студенти, ремонт на бугарски воздухоплови во Русија, руска поддршка на работата на атомската централа „Козлодуј“, па сериозно размислување за изградба на централата „Белене“…Сето тоа проследено со покајничките зборови на Борисов дека Бугарија е најлојална и најдисциплинирана држава во ЕУ, поради што ја одминале сите „текови“. „Сега низ натовска Турција, натовска Грција, натовска Италија минуваат гасоводи. Ние од принципиелност се откажавме од тие проекти и тогаш нашите односи со Русија беа најсложени. И јас сум многу благодарен што не ни држат лутина по тој повод, но постарите повеќе простуваат“ рече Борисов.

Одговорот на Путин на ова византијство на Борисов беше дека него го збунува тоа постар или помлад, имајќи предвид дека постариот секогаш, цело време, го поттикнуваат да плати. Истовремено беше и многу јасен:„Ние разбираме за што станува збор, и ние и бугарската страна, прекрасно разбираме дека при реализација на големи проекти се потребни гаранции, пред се финансиски, кои би биле суверени и дадени од страна на бугарската влада, или пак преку соодветни решенија на Европската комисија“, рече тој.

Борисов јавно пред новинарите истакна дека Русите не се злопамтила за лошите односи меѓу Бугарија и Русија. Тој додаде дека е виновен за создавање на определена напнатост во односите. И му заблагодари на Путин за неговиот однос, особено дека бил достапен на телефон за Борисов во некои тешки моменти.

Што значат средбите на бугарските политичари во Русија за Македонија? Во прв ред дека интересот е движечката сила во односите на државите. За нас интересно ќе биде дали Бугарија ќе стане центар за распределба на гасот на Балканот. И Грција има такви амбиции. Ако „Турски тек“ влезе во Бугарија, тогаш ние ќе мора сериозно да се однесуваме кон Трансјадранскиот гасовод и изградбата на еден крак од него кај нас. Најверојатно ќе треба подолго да почекаме за реализација на идејата низ Македонија да транзитира гас кон Србија. И конечно, патот кон НАТО и ЕУ не треба да биде проследен со трескање врата пред носот на Русија. Тоа го потврдуваат примерите за соработка со Русија, на Словенија, на Хрватска, а сега и на Бугарија.

Мирче Адамчевски

Презвемено од: https://faktor.mk/bugarite-trchaat-na-baciraka-kaj-putin

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top