На прво место

Глигоров прифатил Словенска Република Македонија

Глигоров прифатил Словенска Република Македонија и лобирал за мнозинство од 80 пратеници

Во 1993 година, со првиот грчки преговарач за името, тогашниот македонски претседател Киро Глигоров ветил промена на името во Словенска Република Македонија и промена на идентитетот – Славомакедонци, славомакедонски јазик… Во своите мемоари тогашниот претседател Стојан Андов вели дека сепак, на крајот Глигоров сфатил дека името Словенска Македонија ќе предизвика сериозна криза не само во земјата, туку и во регионот.

Според овие мемоари и интервјуа, за време на една од средбите на Елефтериос Карајанис, првиот грчки преговарач за името, со Киро Глигоров, се дошло до решение за ново име – Словенска Македонија

„Комуникацијата што се случи со Глигоров, во мое присуство во кабинетот на српскиот претседател заврши со прифаќање на Глигоров на името Словенска Република Македонија, со националност Славомакедонци, јазик славомакедонски, идентитет славомакедонски. За да го потпише ова Глигоров, беше потребно да обезбеди 81 пратеник. Тогаш СДСМ и партнерите имаа 75-76, од 120 беа потребни 80 пратеници. Му го кажавме тоа, рече во ред, ќе се обидам да го убедам Андов (тогаш претседател на Собранието -н.з.). Во понеделник (7 јуни 1993 година -н.з.) дознавме дека ова не беше прифатено од Андов, а подоцна бевме известени дека странска влада се вмешала за да се спречи овој договор“, вели неколку години подоцна во едно од интервјуата Елефтериос Карајанис.

Поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов во разговор за Алфа ТВ на 18 ноември 2013 година, потврди дека во 1993 година тогашниот претседател Киро глигоров, од него побарал мислење за предлогот на Грција за менување на името во Словенска Република Македонија.

„Глигоров дојде кај мене со грчкиот предлог Словенска Република Македонија. Тој ден (7 јуни 1993 година) Глигоров дојде невообичаено рано на работа. Ми го пренесе предлогот. Јас веднаш му реков дека е тоа многу неповолна варијанта за државата, дека тука имаме и Албанци и Турци и Роми…, дека таквото име може да доведе до внатрешни поделби. Можеби Глигоров бил под притисок на Милошевиќ, јас тоа не го знаев. Киро ништо не ми кажа во врска со некаква средба со Милошевиќ на таа тема. Но, сепак на крајот се согласи со оценката дека тоа решение може да доведе до сериозна дестабилизација, не само во земјата, туку и во регионот“, рече Андов.

„Јас доста опширно му објаснив зошто сметам дека тоа не е предлог кој може да биде решение и кој може да ги смири состојбите и кај нас и во регионот и во Грција. Му објаснив дека прво, не сме ние сите од словенско потекло. Второ, ние имаме , како име на нација, националност, на јазик, веќе афирмирано и потврдено име. Тој многу малку упаѓаше во разговорот, само ако имаше уште нешто да праша. Откако јас завршив, тој на крајот рече: да, да да. Трипати рече да. И јас сфатив дека тој ги прифатил моите аргументии дека исто мислиме. Се разбира, тоа значеше одбивање“, вели Андов.

Поранешниот претседател на Собранието вели дека не знаел дали Глигоров со Карајанис се сретнал во кабинетот на Слободан Милошевиќ (тогашниот претседател на Србија – н.з.), но вели дека по разговорот што го имал со Глигоров за предлогот, се случило нешто што го збунило.

„Глигоров предложи иницијатива за предвремени избори. Образложението беше дека тогашната коалиција на власт, предводена од Бранко Црвенковски, имам ногу висок рејтинг и оти со тоа може да се промени составот на Собранието и таа коалиција да добие повеќе од 80 пратеници. Јас и тоа го одбив. Не рече ништо конкретно, ама два-три дена потоа, дојде предлог потпишан од 20 пратеници со кој се бараше да се организираат предвремени парламентарни избори – распуштање на Собранието“, се сеќава Андов.

Тоа беше тогашниот план воконтекст на предлогот за името – владеачката коалиција да добие 80 пратеника за да се промени Уставот. На 19 август 1993 година овој предлог беше ставен на гласање, но не ја доби поддршката од 61 пратеник.

И денеска, 25 години потоа, на маса имаме сличен предлог. Еве што за овие последни информации за преговорите за името вели познавачот на состојбите во двете земји Јоргос Пападакис.

„Прашањето било дали во заградите (nationality) и (language) ќе стои ѕвезда * со објаснување дека станува збор за словенско потекло кој нема врска со потеклото на населението во грчка Македонија со што се врши разграничување.

Ако не ви беше јасно до сега зошто Грците ја уценуваат Република Македонија веќе 27 години, сега е пак сѐ јасно. Ниту една македонска влада не треба да потпишува такво нешто оти автоматски ги отпишува Македонците во Егејска Македонија“, напиша на својот фејсбук-профил Пападакис.

Превземено од:

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/gligorov-prifatil-slovenska-republika-makedonija-i-lobiral-za-mnozinstvo-od-80

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top