На прво место

Ако сакате да го задржите името останете мирни, и покажете дека нема да го промените

Лоренс Игелбергер: Aко Mакедонија одлучи да го задржи уставно име, нема сила која може да ја присили на промена

Ако Македонија одлучи да го задржи уставното име, нема сила која може да ја присили на промена, изјави поранешниот државен секретар на САД Лоренс Игелбергер, во интервју за програмата „Отворено со народот“ на Македонската телевизија.

Според Игелбергер, не постои никаква причина македонскиот народ да го смени името кое го носи долго време за да некој друг да биде среќен.

Околу посетата на грчка мисија во Македонија предводена од амбасадорот Маљас и професорот Кофос и нивната најавена средба во Охрид со македонски новинари и политичари, тој не е изненаден и прашува кој е „спонзорот“ за ваквата симулација на македонско-грчките преговори.

– Грчката влада доста згреши со тоа што го покрена прашањето за тоа како вие сакате да се викате. Ова не е првпат во историјата два ентитети да го имаат истото име, и не треба да биде нешто за кое што грчката влада треба да се грижи и да ги носи своите приговори колку што ги однесоа досега, да ја уценуваат Македонија во поглед на европскиот пазар и во поглед на НАТО. Јас мислам дека е непотребно и погрешно, истакнува Игелбергер.

Високиот американски политичар и познавач на приликите на Балканот додава дека поентата е оти може да се види дека грчката влада повторно се обидува да ја наметне својата позиција врз македонското име.

– Грчката влада се обидува повторно да ве убеди да ја смените својата позиција, но нема да успее, вие ќе бидете исто толку цврсти по ова прашање како што сте биле досега. Мојата препорака е да не дозволите овие работи од вашиот сосед да ве тревожат. Останете смирени и цврсти, онаму каде што сте…ако вие одлучите дека сакате да менувате, тоа е до вас, но додека Македонија одлучува дека не сака да го промени името, дека не сака компромис по ова прашање, тогаш само останете цврсти, но смирени, нема што тие да можат да направат што ќе ве присили да го промените. До вас е да одлучите дали сакате да го промените или не, нагласува Игелбергер.

Прашан што доколку не дојде до промена на името од страна на македонскиот народ, дали може да дојде до радикализација во меѓуетничките односи, користејќи ги албанците како предмет и дали САД би дозволиле повторно оган на Балканот, имајќи предвид дека САД потпиша технички договор за поддршка со Македонија, Игелбергер вели дека многу е тешко да предвиди што би сторила оваа администрација во САД, бидејќи не ги знае политиките на претседателот во поглед на Македонија или Грција. – Не велам дека не би сториле нешто да спречат војна на Балканот, мислам дека би било многу опасно да не го сторат тоа. Се надевам дека владата на САД би сторила сé да спречи војна на Балканотот…, додава Игелбергер во интервјуто за МТВ.

На прашањето што би им порачал на грчите политичари, Игелбергер со став дека Грција треба да ја остави Македонија и нејзиното име на мира. – До Македонија и до македонците е да одлучат, а не на некој друг. Мојот совет би бил, ако сакате да го задржите името останете мирни, и покажете дека нема да го промените, но потоа обидете се да ги оладите работите, обидете се да ги спречите двете страни, и вашата и грчката, од некои непромислени постапки кои би можеле да доведат до конфликт, и со трпение ова прашање ќе се реши“.

Превземено од:

http://media24.mk/2018/03/24/%d0%bb%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d1%81-%d0%b8%d0%b3%d0%b5%d0%bb%d0%b1%d0%b5%d1%80%d0%b3%d0%b5%d1%80-a%d0%ba%d0%be-m%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d1%87/

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top