На прво место

Романската Катица Јанева Местела пресуди, држела под уцена судии

Романскиот Уставен суд ја запечати судбината на романската Катица Јанева: Местела пресуди, држела под уцена судии

Мошне слична ситуација на таа со инквизијата во Македонија во што се вмешана Владата на Заев и СЈО на Катица Јанева, има и во Романија. Но, тамошниот Уставен суд, отако се увидело дека работата отишла предалеку и дека е создадена паралелна држава на постојната, која држи под контрола судии, мести пресуди, изнудува, уценува и што ли уште не, едноставно ја прати во историјата тамошната Катица. Еве што за ова пишува белградска Политика:

Со пресуда од 30 мај, романскиот Уставен суд подметна бомба на севкупните политички прилики во државата. Судот го исфрли од игра претседателот Клаус Јоханис и го потврди правото на министерот за правда Тудорел Теодор да менува обвинители. Пресудата се заснова на уставната одредба дека обвинителството се наоѓа „под авторитет на Министерството за правда“.

Во Романија, како што јавува дописникот на Политика пред неколку дена, се тврди дека со оваа одлука запечатена е судбината на шефицата на Националната управа за борба против корупцијата (ДНА), Лаура Кодруце Кевеши, која беше и овде во Скопје и која е некоја варијанта на романска Катица Јанева, а чија смена ја бараше токму министерот за правда Теодор, обвинувајќи ја за кршење на Уставот.

Кевеши се најде во центар на длабок судир помеѓу претседателот и Владата. Јоханис нагласува дека таа одлично ја врши својата работа, додека Владата, која е поинаку политички обоена, зборува за големото зло кое на романската држава и го носи Кевеши, која, според Владата, го претворила ДНА во политичко инквизиторско тело.

Оној момент кога минатата година е констатирано дека ДНА се обидува неуставно да ја контролира работата на Владата, изби скандал околу работата на таа институција. Тогаш се увидело дека тој кој ја контролира ДНА – ја има власта во Романија. Т.е. се увидело дека во Романија постојат две паралени држави – таа што ја предводи ДНА и таа предводена од Владата. Помеѓу тие две држави дојде до борба што се одразува на севкупниот политички живот во земјата.

Системот на две паралелни држави го основа пред десетина години тогашниот претседател Трајан Басеску, вели Политика. Борејќи со со социјалдемократската Влада која не му е послушна, Басеску во игра ја вклучи Националната безбедносна служба (СРИ) ставајќи ја во спрега со судските органи и обвинителството. Односно, ја спои работата на СРИ и ДНА.

Потпирајќи се на моќната СРИ, Националната управа за борба против корупцијата на Кавеши, се претвори во клучно тело во држава кое пред суд изведуваше стотина луѓе, пред се противници на Басеску.

На сето тоа дадена му е правна рамка така што СРИ склучувал тајни протоколи за официјална соработка со судските органи, обвинителството, Врховниот совет на магистратурата, даночните управи и други државни установи. СРИ ним им го ставала на располагање своите информации за одредени лица, со тоа што „протоколарните“ партнери задолжително кажувале како ги користат податоците.

Така се стигнало до тоа дека СРИ учествува во судски процеси и одредување на казни. А тоа длабоко се коси со законите.

Во тоа се одело до таму што се создавани мешовити екипи на локален план, кои одредувале кои луѓе треба да бидат земени на отсрел. ДНА на тој начин е претворена во политичка полиција. Шефицата на ДНА јавно се фалела (неодамна и во ООН) со големиот број на уапсени и осудени лица – еден премиер, повеќе министри и членови на парламентот, судии, деловни луѓе. Кавеши за ова добивала и странски одликувања.

По доаѓањето на власт (2014) претседателот Јоханис го наследи системот на паралелни држави на Басеску и продолжил таму каде претходникот застанал. Во меѓувреме, меѓутоа, во јавноста се обелодениле протоколите за соработка, што предизвикало вистински скандал во политичкиот живот на Романија. Некои од учесниците во судските процеси почнале да кажуваат како се монтирани слуачите, како е вршено прислушување и како се вршени изнуди, како судиите се држени во став и како се уценувани. Дошло и до смена на извршниот директор на СРИ.

Специјален одбор на романскиот параламент ги истражувал последиците од спрегата меѓу ДНА и СРИ. После тоа судиите само во првите пет месеци од оваа година отфрлиле 112 кривични досиеја и изрекле 89 ослободителни пресуди за лица гонети од ДНА.

Во тие околности пресудата на Уставниот суд од 30 мај го обврзува Јоханис да ја смени Кавеши. Засега тој одбива тоа го стори под изговор дека го чека образложението на пресудата. Нему блиската Национал–либерална партија ги повика Романците да излезат на улица и да го спречат уништувањето на „независното судство“, истакнува дописникот од Букурешт на белградска Политика.

Статија на ДЕНЕШЕН.МК

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top