На прво место

Грција е непријател на Македонија од најжесток вид

Македонска нација

По којзнае кој пат од Брисел ја слушаме истата песна кога е во прашање интеграцијата на Македонија во Унијата и во НАТО. Не било само до реформите, не се доволни исполнетите критериуми врз основа на кои секоја земја кандидат станува полноправен член на заедницата. За нас важат други правила. Од нас не бараат компромис за името со Грција, иако тоа го преповторуваат постојано, туку промена на нашето име, по кое би следел и нов циклус на продор во идентитетот, јазикот, културата…

Европа е доволно зрела демократија и има високоцивилизациски вредности, но се уште не се ослободила од национал-сицијализмот на неколку нејзини земји, кои се обидуваат тоа да го наметнат како правило на игра.

Да чепкаш во туѓ идентитет, во туѓо име, традиција и историја и тоа во 21 век, претставува најблаго речено узурпаторство на слободата на еден народ, што е најстрого забрането во меѓународното право. А, Европа директно учествува во тоа.

Од друга страна, во случајот со името не станува збор за никаков компромис меѓу Македонија и Грција, иако Европа шаблонски го преповторува тоа. Можно ли е Брисел да не го знае вистинското значење на поимот компромис?

Компромисот претставува доаѓање до решение со обострани отстапки. Што во случајот отстапува Грција и за каков компромис се бори? Нејзината дозвола во нашето име да се најде зборот Македонија не е никаква отстапка. Тоа не е компромис. Тоа е вешта манипулација со земјите од ЕУ за прикажување на лажна конструктивност во спорот. Европа го знае тоа, но се солидаризира со Атина.

Грција би направила компромис кога би го признала постоењето на македонското малцинство во егејскиот дел од етничка Македонија и би ги унапредила основните човекови прави на Македонците таму. Тоа е компромис, ако сака Македонија да биде конструктивна во спорот и да прифати некаква географска модификација на името. Ако се има предвид дека Грција тоа нема никогаш да го стори, тогаш за компромис не може никако да се зборува.

Грција преку своите дипломати постојано ни укажува дека сака пријателски односи со нас и дека таа е земја пријател на Македонија. Никако не можам да ја сфатам оваа ораторска перверзија на Грците. Земја која секојдневно работи на моето уништување како земја, како нација, како јазик, историја, култура, традиција, вели дека ми била пријател. Напротив.

Грција е непријател на Македонија од најжесток вид.

Окупацијата во 1913 година на 51 % од територијата на македонската земја, уништување на се што е македонско во Егејска Македонија, егзодус во 1948 година на илјадници Македонци кои се прогонети од своите родни огништа, студена војна во декадите кои следуваат против се што е македонско ширум светот, ембарго веднаш по прогласувањето на македонската независност во деведесетите години, обид за делба и на денешна Република Македонија (наводниот договор Милошевиќ – Мицотакис)….. да не редам уште. Ова е земјата пријател на Македонија? Простете. Јас во оваа земја гледам душман кој не бира средства за да не уништи.

Но, не е само Грција проблемот во оваа драма.

Ако Европа ги застапува грчките погледи и ставови по прашањето на Македонија, реална е констатацијата дека таа Европа нам ни е неискрен пријател.

Се прашувам, која е потребата да бидеме дел од едно друштво кое не не‘ почитува вакви какви што сме?

Дали е корисно нашето присуство во такво друштво?

Што уште треба да ни кажат за да се освестиме?

Знам, „проевропските„ сили кај нас на ова ќе речат дека ние, ваквите какви што Господ не дал, само си создаваме непријатели. За нив Европа е света работа и само за да имаат „пријатели„ и кичма ќе свиткаат и име и јазик ќе променат. Се за таа Европа.

Често во умот ми се навраќа познатата констатација на професорот Марјановиќ, кој постојано ја кажуваше за Европа. Ја нарекуваше ороспијата од Вавилон.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top