На прво место

Референдумот предвиден за есенва – тапани после свадба

mane 1

mane 1Манојил (Мане) Јаковлески

Да ми кажуваше некој деведесеттите години кога ја формиравме ВМРО-ДПМНЕ и кога прогласивме самостоја држава, немаше да му верувам дека денешнава генерација на македонски политичари ќе извршат невидено предавтсво врз сопствениот народ и држава.

По речиси едногодишни преговори Премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас ни договорија ново име за севкупна употреба – Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia). Според овој договор јазикот е македонски (кој припаѓа на славјанската група јазици), а националноста – граѓани на Северна Македонија.

Како што е предвидено со договорот меѓу владите на Грција и Македонија, македонскиот народ ќе биде прашан на референдум кој би се одржал во септември или октомври.

Меѓутоа, Референдумот кој е предвиден да се одржи на есен, претставува како тапани после свадба.

Откако ќе се заврши главната работа, безполезно е потоа да се праша народот дали сака да си го смени уставното име, а со тоа и идентитетот. А сето тоа само заради влез на Македонија во ЕУ и НАТО, односно заради туѓи геополитички и геостратешки интереси.

Иако, Заев се обидува овој договор да го претстави пред македонската јавност како победа, тој претставува пораз и на македонскиот народ му нанесе невидена штета. Со овој договор Зоран Заев на Грците им даде се што побараа. Со прифаќањето на промена на уставното име за надворешна и внатрешна употреба, што значи дури и промена на името на сите општествени и културни институции – тотално обезличување на македонскиот народ – Заев без овластување потпиша капитулација.

Заев ја одработи својата работа за туѓи интереси.

Без разлика на договорот меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за новото име на нашата земја, без разлика дали овој договор ќе го ратификуваат собранијата на двете земји и дали ќе помине на референдум, ваквата надворешна политика на македонскиот премиер ѝ нанесе непроценлива штета на Македонија.

Тој пред светот, пред сите оние држави кои ја признаа Македонија под уставно име, го прикажа македонскиот народ дека е без кичма, без национална гордост, односно дека не постои македонска нација.

Наместо портите на рајот, Зоран Заев со својата политика ги отвори портите на пеколот. Заев го врати македонскиот народ не само во деведесетите години на минатиот век, кога беше донесена привремената референца, туку во време на Мировниот договор во Букурешт 1913 година, кога не се признаваше постоење на македонски народ и јазик и кога неговата земја, етно-географската целина на Македонија, без да се почитува волјата на Македонецот, беше поделена.

Зоран Заев во текот на овие преговори ги погази идеалите на многу македонски поколенија, ги погази и придобивките од Илинден 1903 и 1944 година, како и септември 1991 година. Тој со овој договор избриша се` што со генерации македонскиот народа изградил.

СДСМ предводена од Зоран Заев покажа дека не е способна да ги одбрани интересите на државата. Таа се стави над македонскиот народ, кој според сите анкети е против промена на уставното име.

Сите ние имаме свое гледиште на светот, мене ако некој ме праша, тогаш би рекол предадени сме, или продадени сме. Да си го предадеш својот народ, својата држава тоа е или не си нормален, или си платен дебело да го извршиш ова велепредавство.

Неодамнешниот митинг на кој шеесетилјаден народ рече НЕ за промена на уставното име покажа дека единствено ВМРО-ДПМНЕ може да го канализира тоа незадоволство.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ има морална одговорност да ја спречи погубната политика на Заев, пред да стане доцна, можеби е веќе и предоцна.

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top