На прво место

Кога после речиси три децении ќе ти се падне Заев

Кога после речиси три децении ќе ти се падне Заев: Честитки за Грција

„Владата ги започна преговорите во меѓународен статус кво во кој терминот „Македоnија“ веќе се користеше како име на соседот во меѓународните организации и сите меѓународни форуми… Освен тоа, преку 140 земји (вклучувајќи ги САД, Кина и Русија) ја признаа таа земја под нејзиното уставно име, Република Македонија, односно нејзините граѓани како Македонци“.

16 рунди подоцна, го имаат ова:

Добивки од спогодбата (грчки позиции):

1. Договорот во целост одговара на националната линија за сложено име со географска одредница, за употреба „ерга омнес“ која нашата земја ја држи 20 години.

2, Прифаќањето на „ерга омнес“ е голем дипломатски успех на Грција бидејќи во минатото не беше прифаќан ни како основа за дискусија. Тоа значи дека нашите соседи не само што ќе го користат договореното име во своите меѓународни односи, во меѓународните организации, меѓународните форуми и меѓународните документи, туку и внатре во земјата.

3. Името „Република Северна Македонија“ кое во нашата земја ќе биде призната како „Северна Македонија“ (без превод) става точка на иредентизмот кој го повлекуваше името „Република Македонија“, што беше уставно име на нашиот сосед и под кое веќе беше признат од страна на преку 140 држави, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина.

4. Владата успеа да постигне не само прифаќање на ерга омнес туку и тоа нашиот сосед да се обврзе веднаш да пристапи кон уставна ревизија.

5. Уставната ревизија е голема победа за Грција бидејќи не беше опфатена со националната линија како што таа беше утврдена во последните 20 години а која ја следеа сите власти на ПАСОК и Нова Демократија, но тоа беше црвена линија на сегашната влада. Освен тоа, никогаш порано немаше согласност тие да го променат својот устав според меѓународен договор.

6. Договорот ѝ овозможува на Грција да пристапи кон ратификација дури после завршувањето на уставната ревизија во соседната земја, додека повикот да се придружи кон НАТО и ЕУ ќе биде отворен дури после ратификација на договорот во нивното собрание, а нивното пак членство во двете организации ќе се случи после уставните ревизии, а во повикот експлицитно ќе стои услов дека тој не е важечки ако не биде исполнет условот за уставна ревизија.

7. Со овој договор ќе ја вратиме нашата историја, симболите и нашата традиција, бидејќи со него соседната земја изрично прифаќа разграничување на грчките Македонци и нивната античка грчка култура, јазик и регион во кој живеат, од народот на таа земја и неговата историја и неговата историја, јазичките и културните карактеристики. (види член 7 подолу).

8. Името ќе биде регистрирано во уставот со неопходна уставна ревизија. Истовремено, над 140 земји кои денес ја признаваат таа земја под името „Македонија“ ќе ја признаат како „Северна Македонија“.

9. Името потполно ја одвојува таа земја од грчка Македонија и нејзините три региони (источна, централна, западна).

10. Крајот на иредентизмот се потврдува на најофицијален начин бидејќи експлицитно и недвосмислено е загарантирано дека ќе се елиминираат, спречуваат и сузбиваат сите видови на иредентистичка реторика и активности, како на јавни така и на приватни тела. 

11. Осигурано е сите иредентистички референци да бидат избришани од уставот на соседот. На пример:

а) ќе биде избришан членот за поддршка на нивната дијаспора. Во тој контекст ќе бидат тргнати референците за заштита на “македонското малцинство“ во соседните земји.
б) ќе биде заменет членот за заштита на границите така што ќе бидат исклучени сите проблематични наводи.
в) ќе бидат отстранети дури и индиректните историски референци од преамбулата на Уставот.

12. Во договорот се предвидува државјанството во Северна Македонија да биде ‘Macedonian/citizen of the Republic of North Macedonia’. Тој неодвоив термин го заменува едноставниот „македонски“ кој сега им е во патните исправи, така што тоа е јасно подобрување.

13. Нашите соседи веќе го сменија името на аеродромот, автопатот и стадионот. Ќе има или размена на статуи со општина Солун или ако не дојде до размена, договорот предвидува соседната земја да стави табли на спомениците и статуите за да стане јавно дека се тоа симболи на грчката култура (на пример „Воинот на коњ“ ќе има натпис дека е од хелинистичкиот период и го симболизира пријателството меѓу Грција и ПЈРМ.

14. Иако јазикот како „македонски“ е признат од страна на Грција во рамките на ОН, договорот содржи дополнителна формулација која јасно содржи дека е тоа јазик од семејството јужнословенски јазици, како и експлицитен опис кој тој јазик го одвојува од древната грчка култура и грчко-македонското јазичко наследство.

15. Сите епитети на државни и пошироко јавни институции, како и на иселенички/културни организации финансирани од страна на државата ќе бидат одредени со терминот „Северна Македонија“ со истовремено отстранување на одредницата „Македонија“.

16. Се основа работна група од експерти која ќе се занимава со прашања на стоковите заштитни ознаки од 2019 година во рок од три години.

Меѓународно опкружување:

Владата ги започна преговорите во меѓународен статус кво во кој терминот „Македонија“ веќе се користеше како име на соседот во меѓународните организации и сите меѓународни форуми, како што произлегуваше од обврзувачкиот договор од 1995 година, во склад со кој името на соседот беше Поранешна Југословенска Република Македонија. Освен тоа, преку 140 земји (вклучувајќи ги САД, Кина и Русија) ја признаа таа земја под нејзиното уставно име, Република Македонија, односно нејзините граѓани како Македонци.

Меѓународниот суд на ОН во 2011 година донесе одлука неповолна за Грција, за активностите кои доведоа до тоа да не се упати повик до ПЈРМ за челнство во НАТО.

Таквите меѓународни прилики беа понеповолни од оние кои ги имаа претходните власти за преговори.

извор: https://off.net.mk/vesti/makedonija/chestitki-za-grcija

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top