На прво место

ОМД го осудува насилството и говорот на омраза, без разлика на чинителите и нивните мотиви

protesti-protiv-severna-makedonija

protesti-protiv-severna-makedonija

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) најостро реагира на полициската бруталност врз демонстрантите, како и нападот врз службите за јавен ред и мир на протестот пред Собранието на Република Македонија, со биланс од 24 повредени граѓани, 7 повредени полицајци и 25 приведени лица, меѓу кои има настрадани уметници, интелектуалци, средовечни и малолетни лица.

Протестот е демократско право на поединецот како начин да се изрази незадоволство и несогласување кон актуелни политики или одлуки, но протестот во никој случај не смее да прерасне во насилие и говор на омраза, било од страна на демонстрантите или силите од редовите на службите за јавен ред и мир. Според тоа, ОМД повикува на лична одговорност од сите оние кои со злоупотреба на своето демократско право со насилство, со злоупотреба на својата службена должност со примена на агресивни и несразмерни безбедносни мерки, како и со недоволно основана наредба за употреба на шок бомби, солзавец и гумени куршуми врз граѓаните, доведоа до ескалација на протестот на 17-ти Јуни, непосредно по потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција за промена на македонското име. 

Воедно, со цел подгревање на страстите против склучениот договор или градење на симпатии во интерес на истиот, во отсуство на независно новинарство и професионално известување за што најодговорни се владите на двете држави, ОМД смета дека народот е предмет на медиумска манипулација, поради што ги повикува креаторите на договорот на јавна дебата. Иако истото требаше да се случи многу порано, ОМД смета дека преку јавна дебата и вклученост на независни академици, толкувачи на уставното право и законските одредби, членови на МАНУ и Уставниот Суд, како и со вклученост на народот преку отворена линија за граѓански прашања, би се ставило крај на манипулативните интерпретации без разлика на мотивите. ОМД смета дека единствено преку јавна дебата и сеопфатна инклузивност на општествено витални и влијателни фактори, би се создал национален консензус по прашањето за иднината на земјата. Отсуството на национален консензус е изворот на незадоволството кај народот во чие име, без негова декларирана согласност се одлучува за уставноста и континуитетот на Македонија. 

Во време кога македонското ткиво претрпува голема поларизација, ОМД повикува на лидерство во правец на обединување, воздржување од секаков вид на насилие, толеранција без употреба на говор на омраза и афектно делување. Со цел правилно изразување на незадоволство и несогласување со актуелните политики и одлуки, ОМД го повикува народот на мудрост и одговорност преку придржување кон одредбите за мирен протест, како загарантирано граѓанско и демократско право на поединецот. 

Ова се историски моменти за државата. Одговорноста е на сите нас и секој мора одговорно да се однесува во овие чуствителни моменти за Македонија. 

Насилството не е решение, туку проблем!

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top