На прво место

„Република Северна Македонија” e фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина

omd

omd

Северна Македонија од Западен Балкан во Југоисточна Европа, како решение на 27-годишниот билатерален спор помеѓу Република Македонија и Грција, со својот ултиматум за уставна промена, промена на преамбулата, промена на членот 49 за македонското национално малцинство и ерга-омнес за севкупна употреба како дел од пакетот-решение, претставува триумф на Грчката дипломатија и фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина.

Со сериозно отсуство на јавна дебата, нулта вклученост на македонската академска фела и занемарена транспарентност во преговарачкиот процес кој се сведе на самоволие на два политички субјекта, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета пакет-решението за промена на името на државата е неосновано. Покрај тоа што таквото самоволио во целост се противи на се она што беше вклучено во предизборната програма на Социјал-Демократскиот Сојуз, ОМД смета дека политиката на Премиерот Заев за валидизација на договорот преку референдумско прашање, е суицидна за македонската држава и народ. 

Преточено во политичката реторика на Претседателот Иванов, ОМД смета дека „никој не поседува мандат да го одземе правото на идните генерации да бидат Македонци, и никој нема право да го избрише државно-правниот континуитет на државата, со што се деградира заветот на нашите предци”. Воедно, во време кога ЕУ најави крај на ригидноста на носењето на одлуки со едногласен консензус, која што промена во Европската политика е нова шанса за ЕУ-интеграцијата на Република Македонија под нејзиното уставно име, ОМД смета дека избрзаната и аматерска дипломатија на Премиерот Заев и Министерот за Надворешна Политика Димитров, е водена од други мотиви, кои не се Евро-Атлантските Интеграции. 

Повикувајќи се на член 305 од законот за велепредаство како кривично дело против државата од Уставот на Република Македонија, „тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или ќе ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години”; повикувајќи се на член 308 за загрозување на независност од Уставот, „секој граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе земјата во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години”; и повикувајќи се на член 178 од Уставот за повреда на угледот на Република Македонија, „тој што со намера за исмејување јавно ќе го изложи на подбив македонскиот народ, ќе се казни со затвор до три години”, ОМД увидува дека со најновата капитулација кој во најмала мера претставува велепредаство, повреда на националниот углед и чин на исмејување на македонскиот народ, е казливо дело во повеќе наврати. 

Чинот на демантирање на Крушевската Република и АСНОМ, чинот на бришење на членот 49 од Уставот за заштита на македонското национално малцинство во соседните земји, чинот на информирање на сите членки на Обединетите Нации за промена на уставното име без државен консензус, чинот на прифаќање на грчките максималистички барања, чинот на непочитување на Хашката пресуда како највисок орган на меѓународното право, како и чинот на прифаѓање на договор во кој нема никаква правна сигурност за македонските интереси, се типичен пример на велепредаство, срам, и навреда кон Република Македонија. Според тоа, ОМД бара од креаторите на решението најитно прекинување на преговорите, извинување кон македонскиот народ и превземање на мерки за враќање на македонското достоинство, углед и благосостојба, меѓудругото, и со распишување на предвремени парламентарни избори.

Додека македонското единство никогаш порано не било толку разединето, ОМД смета дека „Версајскиот Договор” за Северна Македонија сноси ризик да биде „последната капка” која би ја прелеала чашата во македонското општество. И додека грчкиот „Non Paper” посочува 16 придобивки од резрешницата на 27-годнишниот спор во интерес на Грција, Македонија единствено што добива е предуслов за внатрешно-државен немир и општо незадоволство.

ОМД

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top