На прво место

Најди си други граѓани да им продаваш пуфки, Македонците имаат мозок!

Каракамишева до Заев:

Не така Црпко, не сме чекор до ЕУ, биди вистински реалист, ние веќе сме во ЕУ!

Дај симни тоа црните очила и види ги поубаво и пореално среќните и економски задоволни граѓани на “твојата” држава, види среќни луѓе со минимална плата од 500 евра, види среќни млади кои туку што се вратија во својата земја благодарејќи на твоите успешни политики, види пресреќни пензионери со покачени пензии, види презадоволни наставници и професори кои уживаат во благодетите што им ги пружи твојата влада, види слободни медиуми и слободно мислечки новинари кои информираат најобјективно и без самоцензура, види пресреќни доктори кои немаат намера да го напуштат јавното здравство откако ти им даде 100.000 денари плата, види презадоволни пензионери кои не знаат што да прават со покачените пензии, види најсреќни земјоделци на кои им се прелеваат огромните субвенции дадени од твојата влада, види пресреќни криминалци кои се свесни дека мора да си го одлежат незаконското поведение и дејствување, види презадоволни судии и обвинители кои инстант сфатија што се очекува од нив и како треба да работат, ВИДИ ГИ ПОУБАВО СИТЕ И ПОСЛЕ ТРЕСИ ГЛУПОСТИ!!!

А за другите лицемери кои те поддржуваат во уништувањето на Македонија, заедно со нивните ГАЧКИ за реформи и приказни за имбецили навистина НАЈДИ СИ ДРУГИ ГРАЃАНИ ДА ИМ ПРОДАВАШ ПУФКИ!

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ МОЗОК!!!

Пишува Тања Каракамишева на Фејсбук


Претходно, премиерот Зоран Заев на прес-конференција по повод Извештајот на Европската Комисија, истакна: „Денеска сме чекор поблиску до членство во Европската Унија и до достигнување на економските стандарди на Европската Унија“ и дека „сакаме за брзо време да го решиме овој спор и за навек да го затвориме и ова прашање“. (прочитајте ТУКА)

Заев: Чистата препорака од ЕК е потврда дека сме на вистинскиот пат – Сакаме брзо решение на спорот со името.

Најново од: На прво место

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

To top