На прво место

Преговори не започнавме, името го смениме! Европо, да не треба уште нешто?

Tрајче Стојанов

Преговори не започнавме, името го смениме! Европо, да не треба уште нешто?

Европо, стара….

Значи, јасно и гласно: Македонија не доби датум за преговори со ЕУ! Уште еднаш: Македонија не доби датум за отпочнување на преговорите со ЕУ! И да не биде нејасно: Македонија нема датум за преговори со ЕУ! Или, наједноставно: не, немаме датум за преговори со ЕУ!

Што доби? Доби ветување дека во јуни догодина ќе бидеме разгледувани дали евентуално би добиле датум за преговори! И уште еднаш: во јуни 2019 ќе ни кажат кога! ќе ни дадат датум за отпочнување на преговори! Значи, по трет пат: во јуни 2019 ако сме умни би ни кажале дека за година-две можеме да ги почнеме преговорите за полноправно членство во ЕУ!

При тоа, драги мои, да бидеме реалисти, преговорите би траеле најмалку 10 години. Хрватска, на пример, преговараше точно 10 години и четири месеци, пред да стане членка на ЕУ. Процесот за пристапување, на пример, на Полска, која им е далеку „поважна“ стратешки, исто така траеше 10 години: од официјалната апликација во 1994, до приемот во 2004 поминаа точно десет години. Процесот е долг, мачен и неизвесен…неизвесен како Турција, на пример! Значи, без лажни надежи, без измами, без екстатични изјави дека за некоја година сме во ЕУ. Дури и денес, т.е. вчера да ги почневме преговорите, датумите кои ви ги вртат по медиуми разно-разните експерти дека до 2025 ќе влеземе во ЕУ, се крајно нереални! Македонија, во овој миг е далеку понеспремна од споменатите Хрватска или Полска и тој процес ќе трае 10 години, најмалку! Значи, ако вчера ги почневме преговорите, како што не ги почнавме, можевме да се надеваме на нивно завршување дури во 2028-2029 најмалку!

Процесот е сложен и мачен. Особено втората, најдолгата фаза од него. Имено, генерално процесот е три-фазен: 1. скрининг; 2. прилагодување на легислативата (acquis communautaire); 3. потпишување и стапување на сила; при тоа, вторта фаза е најдолгата и најмачната во која низ, сега 35 поглавја, го адаптирате системот на правото на ЕУ, од слобода на движење на стока и луѓе, преку образование и култура, до институционални реформи и „друго.“ И тоа, овој процес не е „сакам-нејќам“, туку едноставно е „морам“! Мора да се имплементира сето досегашно право на ЕУ, а да бидеме реални, тоа ќе биде болно, мачно и неизвесно. Ќе има реформи на институциите, луѓето ќе бидат изместени од оваа блажена комоција во оваа бара во која живееме со децении. Некои ќе „настрадаат“, многумина ќе ја почуствуваат Европа на своја кожа…

Ова, колку да имате предвид што сè нè чека и дека тој процес на пристапување не е нешто налик на прослава, на свадба, туку попрво на одење на заболекар. Но, она што во овој момент е поважно и на што сакам да се вратам е фактот дека ние немаме датум за преговори. Покрај ветувањата дека „само името сменете го“ или покрај нашето неосновано и карајно ирационално верување дека „само името е проблем“, инаку ние сме топ, Македонија не доби датум. Оваа илузија „само името е проблем“, во голема мера беше потхранувана и од членки на ЕУ самата ЕУ. Реално е сега надежите на граѓаните да се изневерени, вербата да е изгубена. Европа нè изневери! Тоа горчливиот вкус кој останува после оваа одлука на Советот на ЕУ! Мислам дека во оваа прилика на ЕУ не ù се јасни две важни нешта:

1.Прво, барањето за реформи особено во сферите заради кои сме условени, е ужасно тешко за Македонија. Јас ве уверувам, дека Македонија нема внатрешен капацитет за реформирање. Ние сме „исцедени“ во секоја смисла: институционална, човечка, морално-политичка, за воопшто да сме во состојба да се покренеме и да се реформираме. Токму датумот за преговори, фазите на скрининг и отворањето на поглавјата ќе беа помошта од ЕУ за реформирање. Европа бара прво да сме се реформирале, па после ќе ни правела муабет!? Па ние ако имавме сили да се реформиравме, немаше да ве бараме вас! Европо, мора да се шегуваш!? Пола држава ни е иселена, најдобрите синови и ќерќи на оваа нација рмбаат по туѓи бели дворови, најдобрите доктори, инженери, правници…не се овде да „нè реформираат“, инситуциите ни се распаднати, деморализирани сме, општествено-политички истрошени, морално корумпирани, без пари, без знаење, без индустрија…и они ни викаат: прво реформирајте се! Се шегувате, нели!?

2.И второ и уште поважно во овој миг, што мислам дека не и‘ е докрај јасно на ЕУ, се домашните состојби и чинот на „преименување.“ Тие не го разбираат значењето, колосалноста, маштабноста, историчноста на нашата жртва на преименување! Ниту една земја, никогаш, никаде, ниту во еден историски период, на ниту еден географски меридијан, не била принудена на вакво нешто! Македонците, да не се лажеме – дури и оние „најлибералните“, дури и оние кои имаат задача да го бранат во јавноста, а јас верувам дека дури можеби и оние што го потпишале, се чуствуваат повредени, навредени, понижени од овој “историски“ договор. И покрај тоа –„ наградата“ изостана!? Македонецот е без име, со прстот во уста! Ете, тоа е чуството после одлуката на Советот на министри на ЕУ. Ете, тоа не го разбираат министрите на ЕУ, не ја разбираат колосалната жртва што оваа држава ја направи самопреименувајќи се, самоукинувајќи се во името на „поголемото добро“, во името на ветениот рај: преговори со ЕУ и влез во НАТО! За нив, „преименувањето“ е само техичко прашање, едно од многуте проблеми на дивиот Балкан, минорна работа, недоволна за „награда“, ништо посебно! За нас пак, тоа е историски чин: си легнав како Македонија се разбудив како Северна! За прв пат во историјата македонецот сам си го реши „македонското прашање“. За учебник е ова: „македонското прашање“ се реши со „телефонски повик“!

Преговори не започнавме, името го смениме! Европо, да не треба уште нешто?

Превземено од: https://faktor.mk/evropo-stara-1

Најново од: На прво место

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

ОМД ги заврши тридневните средби во американскиот Конгрес за зајакнување на македонско-американските односи

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) успешно ги заврши тридневните средби со членови на американскиот Конгрес, претставници на нивните кабинети и Конгресната библиотека во Вашингтон, посветени на прашања од особено значење за македонско-американската заедница и зајакнувањето на односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Проширување на Македонската конгресна група Еден од главните приоритети на средбите беше проширувањето […]

Филипче со лекции за сегашноста, а без одговори за минатото?

Следејќи ги политичките настапи на Венко Филипче, се наметнува едно суштинско прашање: дали политиката се сведува само на критикување на актуелната власт или подразбира и преземање одговорност за сопственото политичко минато? Филипче во своите настапи зборува за тоа како требало да се постапува, што требало да се направи и што не требало да се дозволи. […]

To top