На прво место

Kапитуланскиот и срамен т.н. Преспански договор

Umo-logo

Umo-logo

Отворено писмо до службените установи на власта, сите други политички и граѓански установи и здруженија, како и јавните гласила во Република Македонија и иселеништвото

По повод најновите настани во Република Македонија: капитуланскиот и срамен т.н. Преспански договор  

Драги сестри и браќа, Македонки и Македонци,

Организацијата Обединети Македонци во Канада, како најстара и најмасовна македонска национална и патриотска организација во светот, се чувствува повикана да се произнесе за најновите загрижувачки збиднувања во нашата татковина, Република Македонија. Иако живееме далеку од татковината, секој миг сме длабоко заинтересирани и загрижени за сите дневни настани, посебно настаните од далекусежна и национална тежина, кои ги засегаат сите Македонци, без разлика каде и да живееме.

Се радуваме на сите успеси и тагуваме за сите неуспеси. Посакуваме да ја видиме Република Македонија како развиена индустриска држава, со високо развиена демократија, која ќе биде вклучена во светските цивилизациски текови. Меѓутоа, крајно сме загрижени со најновите постизборни измами на собраниското мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ, да го смени името на нашата татковина Република Македонија, а со тоа да го смени и нашиот национален идентитет, во татковината и надвор.

Како прво, секој добронамерен и национално свесен Македонец знае дека нашето исконско име е Македонија, со уставната одредница Република пред името Македонија. Оваа уставна одредница е достаточно разграничување од трите околиски области поробени од страна на Грција по Балканските војни во 1912-13 година, т.е. Источна Македонија, Централна Македонија и Западна Македонија.

Според тоа, додатните услови за прием на Република Македонија во ООН беа и остануваат излишни и незаконски, затоа што државите не разговараат ниту преговараат за имињата. За проблемот со наметнатиот спор за името од страна на Грција треба и мора да се бара исклучиво во рамките на ООН, т.е. во Генералното Собрание каде што со просто мнозинство од присутните членки конечно ќе се стави крај на овој геноциден притисок од нашиот поробувач.

Горенаведениот начин на решение на спорот за името беше на располагање на сите досегашни и сегашна Влада на Република Македонија, но само за нив е познато зошто досега така не постапиле и не постапуваат соодветно и во интерес на државата.

Затоа, ние сме целосно против срамниот т.н. Преспански договор бидејќи тој ги погазува сите норми на достоинствено и морално однесување, но и сите Уставни норми во Република Македонија.

Имено, според Уставот на Република Македонија, кој е од типот на мешовит собраниски систем, се предвидува двоглава извршна власт, во која власт едната „глава“ е Претседателот на државата, додека втората „глава“ е Владата, на чело со претседателот на Владата. Бидејќи Претседателот на државата се бира на избори непосредно од граѓаните, додека Владата се бира посредно од мнозинството пратеници во Собранието, го поставува Претседателот на Републиката во поповолна и, условно кажано, надмоќна положба кога станува збор за меѓународните односи. Ова е така бидејќи тој, по сила на Уставот е надмоќниот државен орган кој нè претставува и застапува во двостраните и/или повеќестраните меѓународни односи со други народи, држави, сојузи, заедници или меѓународни организации.

Па така, според чл. 119, ст.1 од Уставот на Република Македонија од 1991 година: „Меѓународните договори, во името на Република Македонија, ги склучува претседателот на Република Македонија“. Во определени случаи, меѓународни договори може да склучува и Владата на Република Македонија, но само кога тоа е изречно определено со закон (чл. 119, ст.2 од УРМ).

Таков специјален закон е важечкиот Закон за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори (Сл. весник на РМ – 5/1998), кој предвидува само 22 ресорни области во кои Владата е надлежна да склучува договори – но, и тогаш не без задолжително советување со претседателот, и тука се исклучени прашањата во врска со државната граница, стапувањето или истапувањето од сојузи или заедници со други држави, како и други меѓународни договори кои, според меѓународното право, ги склучуваат исклучиво шефови на држави, а не на влади ( чл. 3, ст.2 од ЗСРИМД).

Спорно во договоров е и тоа што Министерот за надворешни работи Никола Димитров – како шеф на македонската дипломатија, но не и на македонската држава – воопшто нема правно овластување за склучување на ваков тип договори. Според тоа, Министерот за надворешни работи сторил казниво дело на пречекорување на своите службени овластувања за кое што може и кривично да одговара до пет години затвор.

За на крај, го изразуваме нашето целосно поддржување на суспензивното вето на Претседателот Иванов во однос на договорот и го охрабруваме да го искористи своето право на така наречено џебно вето, со што и конечно ќе го погребе срамниот договор.

Надевајќи се дека ова Отворено писмо од секој Македонец ќе биде прифатено како наша непрестана заложба за непречен развој на македонската држава и нација,

Братски Ве поздравуваме.

За Организацијата Обединети Македонци во Канада

Претседател

Мендо Бакаловски

Организацијата Обединети Македонци во Канада е основана во 1959 година со цел

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top