На прво место

Името не и’ припаѓа само на оваа генерација

СОЗДАДЕТЕ ТАТКОВИНА

Проблемот со расистичкиот ,,договор” со Грција не е во тоа што некој ми забранува да си ја викам земјата така како што се вика и така како што јас милувам (!), туку во тоа што тој ми налага како јас да се разбирам себеси и како јас да се објаснувам пред светот.

Со еден збор, треба да бидам тоа што не сум, за да можам воопшто да бидам. И секој што ќе ми каже дека вреди да се откажеме од името, за подобар живот и иднина, или не е свесен или не сака да стане свесен дека по сето ова што се случи, и со зачувано име и без него, работите овде нема да одат на арно, па са влеземе во триста ЕУ и НАТО.
Стравувам дека ќе ни треба уште половина век да закрепнеме од овие поделби и тоа под услов да престанат надворешните вмешувања и разнебитувања, и под услов да ни дојде умот в глава и да почнеме да работиме на тоа да создадеме Држава.
Штетата е направена. Она што продавачите на името за подобра иднина (која нема да дојде, поготово со нив никако) не можат или не сакаат да разберат е дека името не им припаѓа ексклузивно ним и не и’ припаѓа само на оваа генерација за тие (ние!) да решаваме што со него.
Имаат ли идеја како ќе живеат со оние кои не сакаат да се откажат од името или пак можеби не им е гајле за неоткажувачите, или можеби се надеваат дека со тек на време ќе се помират и откажат од таа идеја, или пак планираат да работат на нивно истребување?
Ако ништо од ова не им значи, како очекуваат да бидат поддржани и прифатени од другите за таа нивна злокобна накана, и на другите да им значи и да имаат разбирање дека желбата за подобар живот е поголема и поважна од достоинствен живот?
Дали под достоинствен живот подразбираат 500€ плата за да можат да одат на шопинг викенд во Грција и седумдневен одмор таму?
Како мислат да ги убедат сите дека тоа го прават за општо добро, и дека всушност нема зад тоа нивна себична намера да дојдат до некаков европски пасош (за нив и нивните потомци) за да можат полесно да побегнат од тука, оти ,,тука не ја бива и никогаш нема да ја биде” без и да се обидат да ја биде?!
Не само што не се сомневам во тоа, туку тоа и отворено си го признаваат.

Од друга страна, сите благонадежни Европејци, како очекуваат европските бирократи и политичари, колку и да се корумпирани и лицемерни, да дозволат во свое друштво да примат политичари кои веруваат дека со едноставно откажување од нешто нематеријално (името/ идентитетот/ историјата) ќе дојдат до нешто материјално (благосостојба)?!
Дали европските политичари се толку глупи да вооружат таков тип политичари со ниска свест и самопочит како нашите, со истите моќи на одлучување, планирање и застапување како што имаат тие, надевајќи се дека еден ден нема да ги употребат против нив?!
Независно од тоа кој е сега тука на власт.
Тие нема да примат во свое друштво политичари кои нема да докажат дека знаат да ја водат и да ја средат својата држава.
Овие нашиве што отворено лажат пред европслите политичари без срам и перде, не знаеш дали да ги жалиш оти толку им сече и оти сами се лажат, или да ги сиктердисаш оти го лажат народот и го манипулираат зашто не можат да го испорачаат тоа што го ветуваат.

Име не се продава.
И Фауст си ја продаде душата на ѓаволот, и Петер Шлемил си ја продаде сенката, но пак си ја побараа назад. А назад нема.
Лага е дека ова се прави за идните генерации. Не можеш да им оставиш ништо, никаква основа, да ги ставиш во ситуација друг да решава за нив кои се и што се, и да тврдиш дека е тоа за нивно добро!

Слушам, Заев се фалел дека младите се со него и ќе ги убедел да гласаат за промена на името.
Прво ако се веќе со него, зошто да ги убедува, и второ, зошто ги потценува дека не е прочитан и од нив!?
Млади, доволно сте свесни да знаете кога нешто не е в ред и кога некој на сила се труди да ве убеди во исправнпста на погрешните постапки.
Не дозволувајте да ви се одземе иднината и сувереното право сами да одлучувате за својата иднина.
Вие ќе ја наследите оваа држава и вие ќе треба да живеете со сите дефекти и сакатења што и’ ги прават.
Застанете храбро и одговорете на предизвиците оти иднината ви припаѓа само ако се гледате во неа.
Кој не може да ја види својата иднина тука, не е подготвен да ја оствари својата иднина онаму каде што сака.
Татковината не е онаму каде што е добро. Онаму каде што е добро е татковина на оној што направил да биде добро.
Секој што отишол на подобро е гостин.

Ако сакате вистински добро создадете татковина!
Знам дека можете, ваше е да решите дали сакате!

Трајче Бјадов

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top