На прво место

За ВМРО-ДПМНЕ единстевна шанса да го стопира преименувањето на Македонија е бојкот на референдумот

nivici-dogovor

nivici-dogovor

Зошто никој не го испраќа договорот од Нивици во Венециската комисија?

Во целата атмосфера на недоверба, можеби е добро решение и спогодбата со Грција и Законот за употреба на јазиците уште сега да се испратат на рецензија во ова советодавно тело на Советот на Европа. 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов сосема оправдано реши да не го потпишува указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот меѓу Македонија и Грција за промена на името на Република Македонија. Помина и второто собраниско гласање за овој закон, а Иванов повторно во јавноста излезе со ставот дека тој нема да потпишува неуставни закони и дека со прифаќањето на овој договор потпишан во Нивици (исто како и претходно со Законот за употреба на јазиците) креаторите и оние што ги изгласале овие закони прават кривично дело.
Точно е тоа дека според Уставот на Република Македонија претседателот е должен, по второто гласање во Собранието да го потише указот за неговото прогласување (иако во Уставот нема рок за тоа, како што е тоа прецизно напишано, 7 дена рок кога претседателот треба да се изјасни за некој закон по првото гласање).
И тука сега веќе не е важно дали претседателот ќе го искористи тоа т.н. „џебно вето” (непотпишување на указот додека тој смета дека треба), затоа што и во двата случаи тој смета дека се работи за кршење на Уставот и за правење кривично дело, а во случајот со Грција и предавство.

Тогаш зошто никој досега не ги испратил овие документи до Венциската комисија? Ако до Уставниот суд на Македонија може да се испрати веќе донесен закон, до Венециската комисија може да се испрати кој било законски проект уште во подготвителната фаза.

Иако ветуваше, власта сѐ уште не го испратила Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија, а тоа ниту една институција не го прави ни со договорот за промена на името меѓу Македонија и Грција.
Зошто се избегнува тоа?

Од бриселски извори е јасно дека оваа спогодба со Грција е многу битна за западноевроските земји и за САД, дека ќе вложат многу овој договор да помине меѓу македонските граѓани. Ама не е јасно зошто опозицијата, заедно со Иванов, не ги коритсат сите инструменти за убедување на јавноста во неуставноста на овие постапки на власта и на крајот во кампања за бојкот на референдумот.
Најавата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека тој без разлика на потписот на Иванов на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на договорот со Грција, ќе ги испрател овие закони да се објават во „Службен весник” со негов потпис е всушност најава за правење на уште едно кривично дело и кршење на Уставот.

Затоа сметам дека и Иванов и ВМРО-ДПМНЕ треба да ја испратат спогодбата во Венециската комисија и да се обидат да ги одложат сите предвидени чекори (референдумот и уставните измени) сѐ до добивањето на мислењето на членовите на таа комисија.

А за ВМРО-ДПМНЕ единстевна шанса да го стопира преименувањето на Македонија, промената на Уставот, најавените промени во учебниците е бојкот на референдумот. Тоа раководството на оваа партија мофраше вчера да го соопшти, а не да чека какво ќе биде референдумското прашање, па дури тогаш да се изјасни. Треба да се организира добра правна експертиза на спогодбата, да се види колку таа спогодба кореспондира со Уставот иврз основа на тоа да се мотивираат граѓаните на бојкот. Освен тоа претпоставувам дека и во оваа фаза раководството на ВМРО-ДПМНЕ може да се обрати и до Уставниот суд на Република Македонија со иницијатива за тоа дали со своите постапки премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и Талат Џафери го кршат Уставот.

Тука никој не треба да ги заборави и резултатите на бројните анкети за или против промена на името, за или против условот за членство во ЕУ и НАТО со променето име, за да се види какво е расположението на мнозинството од Македонците – тие се против таквите условувања.

Сите забелешки и предлози на експертите на Венециската комисија на македонскиот Закон за употребата на јазиците ќе бидат прифатени и применети. Ова го изјавија претставници на Владата и ветија дека ќе пратат изгласаниот закон на рецензија на ова советодавно тело на Советот на Европа. Тоа сѐ уште не се случи!

Александар Стојановски, Брисел

https://www.mkd.mk/kolumni/zoshto-nikoj-ne-go-isprakja-dogovorot-od-nivici-vo-veneciskata-komisija

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top