На прво место

Република Македонија со потпишувањето на двата договори според мене капитулира

Каролина Ристеска
Како ја коментирате новонастанатата ситуација во Република Македонија?
Република Македонија со потпишувањето на двата договори според мене капитулира од една страна. Што значи тоа? Тоа значи дека целите, поради кои беа насилно инсталирани од страна на Западот овие т.н. политичари во самопрогласената влада, ги остварија: обезличување и создавање на нешто ново од земјава, нешто што ќе нема допирни точки со Македонија и Македонците. Од друга страна пак кажете ми вие, каде се видело да бришеш историски народ кој како пиреј никнува и повторно како феникс се раѓа? Сега ние Македонците гледаме личносно со свои очи и слушаме секојдневно за новонастаната ситуација на нашето бришење како ентитет од нашата мила земја Македонија. Тие не однесоа на север!? Далеку од сржта на нашето битисување. Едно ќе побарам од сите вас: најдете фрескопис во некоја црква на Балканот или во целиот свет каде ќе пишува грчко царство! Нема да најдете со гаранција. Целиот свет да го прошетате 360 степени јужно, северно, западно и источно вие грчко царство нема да најдете и крај. Тука е болката на нашиот јужен сосед. Македонија е божја земја запишана во Библијата. Денес тоа го научија и најтврдокорните противници на нашето име Македонија, Македонец, македонски. Јасно им е дека без македонштината Грција е празна вреќа! Затоа беше овој грозоморен план далеку пред оваа новонастаната ситуација. Создаден да ја уништи нашата историска срж мислејќи дека така ќе направат комплетно наше уништување, а нивни историски успех. Успеаа! Најдоа луѓе по нивниот калап и мерка да ги исполнат нивните планови и желби, со други зборови да ја спасат „празната вреќа“ т.н. Грција. Има една многу важна мудрост во Библијата: како куќа чии што темели се на песок, па при првата поплава и бура, ќе се сруши така и куќа која е изградена врз бетон ќе остане цврста на сите бури и поплави. Сега ако ме прашувате дали Македонија е куќата со цврстите темели одговорот е цврст и решителен:ДА. Оваа новонастаната ситуација со ништо нема да ја разниша нашата историска вредност. Тоа го знаат само врвните Македонисти. Еднаш Јуџин Н. Борза напишал во неговата книга „Македон во сенката на Олимп“ – Македонците од своето формирање како држава и народ биле и се посебен етникум.” Колку и да пишуваат нова историја, колку и да уништуваат книги, колку и да ни ставаат епитети и имиња, ете и знамето ни го сменија, ние Македонците сме пиреј, пак ќе изникнеме. Ние на западот сме им трн во око да се разбереме еднаш засекогаш. На балканот името Македонија е постаро од сите денешни новосоздадени држави и тоа е неизбришлив факт и вистина. Мои сакани Македонци бидете храбри и запомнете дека нашата земја раѓала и јунаци и предавници но, Библијата засекогаш останува нашиот жив и вечен доказ на овој свет дека сме Македонци од Македонија и кој нема никој да успее да го уништи за век и веков. Да, мој народе жива е Македонија. Амин.
Пишува: Каролина Ристеска
МАКЕДОНСКОТО ЦАРСТВО
ЦАРСТВО МАКЕДОНСКО
МАКЕДОНСКО
МАКЕДОНСКО
МАКЕДОНСКО
ЦАРСТВО МАКЕДОНСКО
МАКЕДОНСКО ЦАРСТВО
МАКЕДОНИЈА ЦАРСТВО
MACEDONIA
МАКЕДОНИЈА РАЃА И ЈУНАЦИ И ПРЕДАВНИЦИ
МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ
БЕЗ КОМЕНТАР
Јуџин Н. Борза напишал во неговата книга „Македон во сенката на Олимп“ – Македонците од своето формирање како држава и народ биле и се посебен етникум.”

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top