На прво место

Македонската влада му додели концесија за марихуана на осуден шверцер од Албанија

Македонската влада му додели концесија за марихуана на осуден шверцер од Албанија

Владата, на 80-та седница, даде зелено светло за фирма која ќе може да одгледува канабис за медицински цели, чиј сопственик е во вторникот е уапсен од албанската полиција за шверц, објавија албаските медиуми.39-годишниот Фатмир Меркај, Генералниот директорат за царина го обвини за кривично дело шверц со друга стока, пренесува НетПрес.

Станува збор за Друштвотo за производство, трговија, транспорт и услуги ФиМ 2017 ДОО Експорт – Импорт, во село Врапчиште, Гостивар за вршење на дејност одгледување на канабис за медицински цели. опственици се Фатмир Меркај од Тирана и Мирјана Кодра од Беловиште, Гостивар. Како вработени фигурираат Хаќиф Кодра, Ѓорѓе Гогов и Накшија Селмани. Тројцата се пријавени од 1.1.2018. Од истиот период до 30.06.2018 била вработена и Радица Аврамоска, дипл. фармацевт, чиј сопруг е вработен во ЕБР.

Во ноември 2004 година Меркај прошверцувал еден камион со алкохолни пијалаци и суровини за нивно производство на граничниот премин Какавија. Се дознава дека Меркај е лицето кое гарантираше за шверцот на овие производи пред очите на царинските службеници кој претендираше дека е претставник на фирмата „Кондакчи”, со активност во главниот град. Во тој период не е регистриран правен процес за придружување на претходната стока заклучувајќи дека стоката била внесена во Албанија без да се плаќаат царински давачки.

Обвинителството во Ѓирокастро пред две недели издаде наредба за притвор на Меркај за две кривични дела за криумчарење со друга роба и фалсификување на документи. Според веродостојни извори од обвинителството на Ѓирокастро за весникот „Панорама”, Фатмир Меркај предизвикал државна штета од 6500 евра со шверцувана роба која влегувала во Албанија. Покрај тоа, второто кривично дело што го погоди 39-годишниот бизнисмен е фактот дека фалсификуваше документи.

Меркај е жител на Берат, Скрапар кое што е и неговото родно место и во Тирана. Во еден од пасошите што ги поседува, тој е именуван по друго име и презиме, кое според безбедносен извор од Обвинителството во Ѓирокастро е сменето по негово барање. Сомнежите што ги изнесе обвинителството за овој случај го поттикнаа да покрене обвинение за фалсификување документи, што се очекува да се докаже на следните судски сослушувања.

Курир

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top