На прво место

Поддршката на граѓаните за договорот со Грција драстично паѓа

Одговор на писмото од 40-тина странски интелектуалци, објавено во лондонски Гардијан, како поддршка на Договорот од Преспа

Почитувани,

Да не беше иритирачки уште самиот наслов на писмото во ценетиот Гардијан, ние припадници на глобалната координативна мрежа СУМ во Македонија, ќе бевме почестени што на оваа горлива тема („Преспанскиот договор“ меѓу Хеленската Република и Република Македонија) се осврнуваат 40-тина професори на угледни униоверзитети од целиот свет и ќе очекувавме осврт на проблемот од нов агол, оригинален, кој би бил од помош и „достоен“ на според вас, историскиот договор, а всушност преседан – со сила/уцена, наметнато, да се менува име на држава и да се оспорува идентитетот на еден народ. Патем, за ваша информација, нашата држава Република Македонија, под уставното име е признаено од околу 140 држави членки на Обединетите нации. (Доколку договорот стапи на сила, сите тие држави ќе треба да ги замолиме да ни се обраќаат „по ново“, како да изминативе 74, односно 27 години, името Република Македонија ни било илузија, „шега“..).

Затоа, наместо да сме ви благодарни, ние сме зачудени од тоа како егзалтирано го поздравувате договорот, за кој самите признавате дека е експеримент/инженеринг, кој понатаму ќе се користи за решавање на проблеми во други мултикултурни општества, а очигледно, не ги познавате спецификите на „македонското прашање“ и уште полошо, не сте го анализирале тој договор!?

Поддршката што му ја давате на Преспанскиот договор е напишана со ист јазик како и пропагандните настапи на евробирократите и функционерите на НАТО, кои убедувајќи не’ колку е добар овој договор за нас, всушност, настојуваат да го остварат својот геостратегиски интерес со план за создавање „политички коректна, полициска држава“. Оваа кампања , изгледа е помогната од централизирана пропагандистичка мрежа, која според јавно достапни информации, со огромни суми пари, веќе дејствува – во двете засегнати држави, а во тоа вклучува и угледни медиуми низ светот, меѓу кои и вашиот Гардијан.. Инаку, од Договорот освен глобалните сили, „историска“добивка има нашиот јужен сосед, чиј стар копнеж е да запечати монопол врз името и историското наследство на Македонија. Ако повеќе ја познавате темата, особено перидот на грчката Граѓанска војна (1946-49), во која најголема жртва беа Македонците од денешна северна Грција, јасни ќе ви се причините за тој „копнеж“.

Без да задираме во антиката, за која историчарите одамна расчистиле дека античките Македонци не биле Грци/Хелени ( ние не претендираме дека сме директни наследници), ќе ви укажеме дека до 1988 година во Грција терминот Македонија не постоеше како назив на територијални единици, а камо ли на „држава во државата“ Грција.. Наспроти тоа, Македонија е федерална единка со рамноправен статус и право на отцепување од 1944 година, во рамките на поранешната југословенска држава! Каде во светот имаат „проблем“ за исто име една суверена држава и административни единици на друга држава, преименувани како македонски во понов период!

Патем, некоректно, па и навредливо е патриотизмот на Македонците, кои не прифаќаат промена на името, ја почитуваат својата историј и идентитетт, како и било кој друг народ, да се квалификува како национализам.. во опкружување и со европска реалност на национални држави, тоа е неприфатливо!

Доколку сте заинтересирани подобро да навлезете во суштината/консеквенците од фамозниот договор, за да не бидеме субјективни со наше толкување, ве упатуваме во анализата /следи линк:

https://www.eurasiafuture.com/2018/06/14/macedonias-about-to-become-the-worlds-first-politically-correct-police-state/

Ќе кажеме и тоа, дека да беше договорот толку квалитетен, историски исчекор за двете страни, немаше на премиерот Заев/ Република Македонија, ниту на неговиот грчки колега Ципрас да им треба ваква поддршка. Факт е дека мнозинството граѓани на РМ тежнеат кон евроатлантските интеграции, но кога во овој пакет ќе се внесе и промената на името и уште принудата за промена на уставот, со цел новото име да влезе во употреба и во самата земја (консеквентно, со промени на имињата на државни институции, на настава по историја во учебниците итн.), поддршката на граѓаните за договорот-драстично паѓа. Со тоа се доведува во прашање дали најавениот референдум на кој граѓаните на РМ треба да се изјаснат за договорот од Преспа, ќе успее, а со тоа и целата (вештачка и неоджлива) конструкција содржана во договорот?!

И, за ваше информирање – договорот кој го прогласивте за историски и го чествувате, е потпишан во процедура спротивна на уставот на Република Македонија, каква што е и неговата содржина и ратификацијата во македонскиот парламент. Поради истите причини, Претседателот на државата не го потпиша указот на ратификуваниот договор, со што тој е неважечки!

На крајот, заблагодарувајќи се за одвоениот простор, уште едно укажување – не знаеме дали да го упатиме до потписниците на писмото или до Гардијан (всушност, на тој кој го дал насловот на текстот): Северна Македонија не постои, т.е. нема да постои ако овој проблематичен договор не ја помине процедурата во Република Македонија, која како што рековме, е соочена со многу правни пречки.

Со почит,

СУМ – Глобална Координативна мрежа Сите за Унитарна Македонија

Скопје, 23.07.2018

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top