На прво место

Бојкот е единствениот достоинствен одговор на референдумот

1svekrva copy copy copy copy

1ОМД: Бојкот е единствениот достоинствен одговор на референдумот

Вчера, на незаконски начин кој отстапува од Уставните одредби и деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, Претседателот на Собранието Талат Џафери распиша консултативен референдум со 68 гласови ЗА и без ниеден глас ПРОТИВ или ВОЗДРЖАН. Владејачкиот блок на СДСМ, ДУИ и БЕСА, без присуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДМПНЕ, усвои референдумско прашање кое гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета дека вака поставеното прашање е неприфатливо поради својот манипулативен карактер кој го крие вистинскиот исход од договорот со Грција, кој подразбира промена на името на државата во Република Северна Македонија и бришење на македонската историја и посебност. Воедно, отсуството на опозицијата и експертската јавност при усвојувањето на референдумското прашање, како и консултативната природа на референдумот кој овозможува политичко самоволие без разлика на јавното мислење, ОМД смета дека ги доведуваат во прашање законските и демократски стандарди на земјата.

Според светските научни и политички практики, консултативниот референдум е алатка на партиципативната демократија која служи за консултирање на јавното мислење ПРЕД (а не после) потпишување на еден билатерален или мултилатерален договор. Оттука, распишувањето на консултативен наместо обврзувачки референдум кој се проценува на трошок од 3,5 милиони евра , не само што претставува преседан, туку и огромен трошок за државата, чиј народ на 8 Септември 1991 година со мнозинство од 95% се изјаснил за суверенитетот, идентитетот и името на својата земја.

Следствено, со цел зачувување на достоинството на Република Македонија и спречување на политичкото самоволие, ставот на ОМД како најголема организација на Македонците надвор од Македонија, отсекогаш бил против референдум за промена на уставното име, како резултат на што, и во оваа прилика изразува поддршка и се приклучува кон кампањата на глобалното непартиско движење „Ние Сме Македонија“ за бојкот на референдумот распишан за 30 Септември 2018 година.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top