На прво место

Македонија не е приватна сопственост за некој да тргува со неа

Иванов: Република Македонија не е приватна сопственост за некој да тргува со неа

Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.

РепубликаМакедонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.

Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.

Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.

Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во обраќањето по повод државниот празник 2 Август-Илинден, на свеченоста на Мечкин Камен во Крушево.

А тој народ, додаде претседателот Иванов, освен што полага историско право на својата Република, истовремено има историска одговорност кон таа своја република.

– Ниту една генерација, вклучително и нашата генерација, не може да тврди дека со неа започнува се.

Нацијата, државата, Републиката, се создавани и градени од многу генерации.

Кај едни се родила како идеја што им ја греела душата а други се бореле и избориле за остварување на таа идеја.

Трети пак, работеле на нејзино надградување.

И сите тие генерации се вградени во нашата единствена татковина Република Македонија, порача македонскиот претседател.

Иванов во своето обраќање потсети на Тајванскиот договор од 1998 година, кога тогашната Влада и покрај спротивставувањето на Републиката, донела одлука да го признае Тајван.

– Во ситуација во која сите механизми на системот беа ставени на страна, претседателот Глигоров потсети дека законите на Републиката се напишани за да се почитуваат, институциите се поставени да соработуваат, но и да вршат контрола едни над други и да не дозволуваат да се појавуваат грешки.

Преку владеењето на правото Републиката има воспоставено законски механизми за да може да ја остварува својата суштина – а тоа е да се грижи за општото добро на граѓаните. Но, наместо да биде послушан, Глигоров беше игнориран и заобиколен. Онака како што денес, 20 години подоцна, оваа Влада се обидува да ме заобиколи мене, порача Иванов во обраќањето од Крушево.

Ако Тајванскиот договор беше резултат на среброљубие, рече Иванов, Грчкиот договор е резултат на славољубие.

-Заслепени од рефлекторите, на некои наши политичари како личната слава да им е помила од достоинството и судбината на цел еден народ.

Ако со тајванскиот договор се направи обид да се редефинира позицијата на Република Македонија на меѓународен план, со грчкиот договор се редефинира самата наша држава.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-republika-makedonija-ne-e-privatna-sopstvenost-za-nekoj-da-trguva-so-nea/

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top