На прво место

Резолуцијата на Сенатот со бр. 602 го карактеризира секој опонент на договорот за про-руски активист

omd

OMD

ОМД изразува незадоволство од Резолуцијата на Сенатот број.602

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е незадоволна од Резолуцијата на Сенатот број.602, представена вчера од страна на Сенаторот на Конектикат Крис Марфи и Сенаторот на Висконсен Рон Џонсон, која е навредлива за македонскиот народ и спротивна на долгогодишните принципи и политики на САД во поддршка на националното право на самоопределување.

Македонските Американци и сите пријатели на Македонија можат да испратат писмо до нивните Сенатори со барање за поништување на Резолуцијата на Сенатот со број 602 на следниот ЛИНК.

Над 95% од македонските испитаници на неодамнешната анкета спроведена од страна на ОМД, покажа дека македонскиот народ е недвосмислено против промената на македонското име и идентитет по цена на интеграција на земјата во ЕУ и НАТО. Оваа позиција на зачувување на македонското име и идентитет, ја застапува Претседателот на Република Македонија Др. Ѓорѓе Иванов, кој го смета договорот за неуставен и спротивен на волјата на македонскиот народ.

Резолуцијата на Сенатот со број 602 го карактеризира секој опонент на договорот за про-руски активист. Не само што тоа е неосновано, туку и апсурдно, особено тоа што во резолуција се тврди дека Македонија историски негува про-американски став без руски имликации. Со своите неосновани аргументи кои можат до доведат до поголема нестабилност, ОМД смета дека ваквата резолуција е штетна за американскиот углед.

САД ја призна Република Македонија под своето уставно име заедно со 137 други земји. Следствено, поддршката изразена преку Резолуцијата на Сенатот со број 602 за референдумот и уставните амандмани, е спротивна на долгогодишните надворешни политики на САД градени на основ на правото за самоопределување. Исто така, Резолуцијата на Сенатот број 602 се противи на Резолуцијата на ОН број 817 и Привремената Спогодба на ОН од 1995, во посредништво и континуирана поддршка од САД.

Резолуцијата на Сенатот 602 тврди дека промената на името на државата би овозможило Македонија да стане земја-членка на НАТО и ЕУ, што всушност не е загарантирано со договорот. Доколку Македонија би го променила своето име, договорот не нуди гаранција за полноправно членство во НАТО Алијансата. Успешноста на договорот не само што зависи од успешноста на референдумот во Македонија и спроведување на уставните промени во земјата, туку и од успешната ратификација во грчкиот Парламент (каде што владее подеднакво незадоволство) и ратификацијата од страна на сите членки на НАТО. Во прилог, големата аверзија за проширување на членството на ЕУ во наредната декада, додатно ја ревитализира можноста Македонија да стане нејзина следна земја членка.

Поради штетноста по основ на американско-македонското партнерство и репутацијата на САД како лојален партнер на земјите од Источна Европа и ширум светот, ОМД го повикува американскиот Сенат да ја оспори Резолуцијата на Сенатот со број 602.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top