На прво место

Напред Претседателе Иванов, сите ние сме со тебе

Стевчо Јакимовски – ” Ако Заев мисли дека сме глупави, се излажал. Напред Претседателе Иванов, сите ние сме со тебе”

„Историјата! Лајна!!! Неа ќе ја пишуваат некои дебелогазовци!“ – ова му го вели Питу Гули во црквата вечерта спорти битката на Мечкин Камен на претседателот на републиката Никола Карев, затоа што Карев го одвраќа да не оди на Мечкин Камен туку сите да се повлечат, сфаќајќи дека се предадени.

А, знаете ли од кого се предадени?

Како што Карев вели, од оние што седат по софиските кафеани. Да бидеме попрецизни – бугарите. На чело со Борис Сарафов. Колку ли само симболика има во овој фрагмент од филмот „Република во пламен“. И така би, вечен наш Питу! Историјата ќе ја пишуваат некои дебелогазовци, од Бугарија, Грција и од земјата која ти ги покри младите ти очи. Ќе имавме ли денес историја, и што ќе славевме, ако Питу Гули одлучеше да се повлече заедно со горскиот штаб?

На Мечкин Камен се пишуваше Македонската историја и денес на истото тоа место, нашиот претседател Ѓорѓе Иванов си обезбеди место во историјата. Со својот говор, јасен и недвосмислен, жртвите на Питу Гули и неговата чета ги направи да имаат смисла. Со својот говор покажа дека не загинале попусто, и денес има некои питовци. Питу Гули се борел беспари и загинал да ја одбрани честа на крушевчани и на Македонија. Претседателот на државата ја брани честа со плата од народот. Платен од народот е и премиерот, ама тој предава. Тој служи на други интереси, и спроведува туѓи политики.

За прв пат се гордеам со претседателот Ѓорѓе Иванов. Неговата сила, неговиот збор, и неговата одлучност дава нов импулс во битката за одбраната на уставното име! Тоа го стори токму пред американскиот амбасадор и високиот претставник од Стејт Департментот. Што би рекла онаа народната – „Устите им беа насмеани, а очите насолзени“ од тага што ги слушаат одлучните зборови, зборовите на претседателот на државата онака како што доликува.

„Не отстапувам од своите принципи, нема да потклекнам на никакви притисоци“ – тоа е вистинскиот одговор на вистински претседател кој дал заклетва пред Уставот, свесен дека јаде народен леб. Сега очекувам нов маневар од Американските дипломати. Притисокот да го насочат кон власта. Да го сменат референдумското прашање, да има само едно прашање. Убеден сум дека работите отидоа предалеку, враќање нема.

Власта ќе претрпи пораз на овој референдум. Ќе претрпи тивок бојкот, по принципот на Пиги од „Среќна нова `49“ – „Ај кој ти е*е матер“. Овие прашања не заслужуваат одговор.

Ако Заев мисли дека сме сите глупави, очигледно се излажал. Референдумот ќе бил консултативен. Па што сме му ние, платена консултантска куќа?

Нема тоа така лесно да помине. Напред претседателе, сите ние сме со тебе! Не ја даваме Македонија!”

http://bregalnicki.mk/stevcho-akimovski-ako-zaev-misli-deka-sme-glupavi-se-izlazhal-napred-pretsedatele-ivanov-site-nie-sme-so-tebe/

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top