На прво место

Итно апсење на нелегитимниот македонски „премиер“ Зоран Заев

1svekrva copy copy copy copy

1

ММДЧП започна кампања за итно апсење на нелегитимниот македонски „премиер“ Зоран Заев

Македонското меѓународно движење за човекови права започна уште една кампања под мотото “Нашето име е Македонија”, во која бара итно апсење на нелигитимниот македонски премиер Зоран Заев, поставен од САД, и на други лица, заради прекршување на македонскиот Устав, спротивно на правилата на Собранието, и заради кршење на македонските закони. Сето ова е во прилог на неговите предавнички напори за промена на името на Република Македонија во “Северна Македонија” и, наспроти неговите одрекувања, на идентитетот на сите Македонци – во Република Македонија, во соседните земји и низ целиот свет – во Северно- Македонци.

Објавени се билборди, летоци и постери (во прилог) – и истите ќе продолжат да се објавуваат низ целата територија на Република Македонија се’ додека Заев и останатите не се соочат со правдата и додека еднаш засекогаш не завршат сите преговори за промена на името на Македонија.

ММДЧП ги повикува сите Македонци:

1.да се приклучат кон нашите барања за итно апсење на Зоран Заев и на другите предавнички претставници на Владата;

2.да побараат итно и безусловно ослободување на сите политички затвореници притворени од Заев;

3.да ја поддржат кампањата за бојкот на референдумот (и да го спречат тој незаконски референдум);

4.да побараат да престане масовното Западно странско мешање во насока на промена на името, како на пример заканите на претставниците на САД и ЕУ дека е “сега или никогаш”;

5.да побараат меѓународната заедница да го почитува основното право на самоопределување на Република Македонија, како и да го почитува меѓународното право и конвенциите за човекови права создадени за негова заштита;

6.да побараат меѓународните медиуми да престанат да го прикажуваат културниот геноцид над Македонците како “победа” и да ги поддржат Македонија и Македонците како и секоја друга етничка група.

ММДЧП особено го повикува Претседателот Иванов да ја употреби својата моќ како шеф на државата:

1.да нареди итно апсење на Зоран Заев, Никола Димитров, Талат Џафери, и сите останати кои го прекршиле законот и извршиле предавство, и покрај договорот што Заев го потпиша со Претседателот Иванов, а во кој тој “гарантира” дека ќе ја брани Македонија;

2.да престане со секаква дискусија за промена на името на Македонија затоа што со тоа се прекршува македонскиот Устав и закони;

3.веднаш да се повлече од Времената спогодба, затоа што не само што е истата анти-македонска, туку е и ништовна затоа што Грција ги прекрши нејзините одредби во 2008 година;

4.да побара Обединетите Нации веднаш да престанат да ги прекршуваат сопствените правила и да ја примат Република Македонија под нејзиното вистинско име;

5.да ги повика другите земји да побараат крај на недемократските и расистички преговори за промена на името, а и да ја употребат својата моќ, вклучително правото на вето на Турција во НАТО, и правото на вето на Русија во ООН, за ефективно да ги запрат сите дискусии за промена на името на Македонија.

Користете ги хаш-таговите #ArrestZaev, #OurNameIsMacedonia и #Boycott на англиски и #АпсетеГоЗаев, #НашетоИмеЕМакедонија и #Бојкотирам/#Bojkotiram на македонски.

Македонците не смеат да дозволат да превладеат предавство, странски интервенционизам и незаконски дејствија. Нашето име е Македонија. Почитувајте го, и светот ќе ве одбрани.

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top