На прво место

ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

tren

Martin Trenevski

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, екс министер и амбасадор

ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

Помина уште еден Илинден. И наместо да му се израдуваме, како секогаш во минатото на нашиот најсветол датум – 2 август – двојниот Илинден, сега се соочуваме по кој знае кој пат со брутална антимакедонска кампања од источните соседи кои настојуваат да не одмакедончат, а светиот Илинден да си го присвојат, да не натераат и да ни наметнат нам, на македонците – со некакво писание што го нарекуваат Договор за пријателство, да се откажеме од нашето легитимно право да си го величаме и славиме тој датум – како еден од најславните во нашата историја.

Повод за најновата антимакедонска хистерична реакција од званична Бугарија е изјавата на Зоран Заев дека Илинденското востание е м а к е д о н с к о!!! После таа изјава тргна лавината на бурни, непријатни, заканувачки и уценувачки реакциии на првите луѓе во членката на Европската Унија – Република Бугарија. За бугарската министерка за надворешни работи Захариева Илинденското востание ,,Само географски и припаѓало на Македонија,, (демек бидејки се кренало на македонска територија – во Крушево). Премиерот Бојко Борисов се закани дека заради споменатата изјава: ,,Кога ке дојде (Македонија) да е пред вратите на ЕУ и ние треба да дадеме согласност,,!? А извесен Румен Петков, претседател на партијата Алтернатива за бугарска преродба предупреди дека преговорите за прием на Македонија во ЕУ и НАТО треба да се доведат под прашање ,,заради непризнавање на бугарското учество во илинденското востание,,! (Забелешка: Ние во Македонија не спориме дека поединци од Бугарија учествувале во Илинденското востание, на пример Бугаринот Тодор Паница и други, но тоа во никој случчај не го прави востанието ,,бугарско,, како што настојува бугарската наука и политика!).

Антимакедонската хистерија доживеа своја колуминација со реакцијата на бугарскиот Претседател претседател Румен Радев кој побара ,,Владата на Бугарија да увиди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за пријателство, а воедно побара и ,,дополнителен анекс-договор за промена на односите со Македонија,,(!?)

Со цитираните и многу други слични изјави дека немало извинување од Зоран Заев за неговиот изречен наводен гаф (Заев сепак во меѓувреме јавно се извини со констатација дека Илинденското востание ,,било и бугарско„(!?), Бугарија ни даде јасно до знаење две работи: прво, званична Софија нема намера да се откаже од праксата од времето на Тодор Живков за негирање на македонското славно минато и негово присвојување како свое. Напротив, таа пракса постанува уште пожестока бидејки Бугрија сега како членка на Европската Унија е во многу посилна позиција и така осилена во рамките на ЕУ-принципот за решавање на проблемите со соседите е во позиција ултимативно да наметнува свои интереси и ставови! И второ, што произлегува од претходно изнесеното, токму како членка на ЕУ Бугарија ке ја употреби таа нејзина предност како членка на ЕУ за да не уценува, т.е. блокира на секој чекор во во текот на преговорите за членство на Македонија во Унијата доколку не ги исполниме нејзините барања, особено во конткстот на нашето историско минато што тие сакаат да си го прикажат како свое. Веке помалку подзаборавениот македонски историчар М-р Драган Ташковски ваквата пракса на Бугарија своевремено ја нарекуваше ,,Културен паразитизам,,.!!! Со други зборови: приклепување од бугарска страна на наши историски вредности, ликови и настани и нивно прикажување како свои, т.е. бугарски.

Но, бидејки бугарската страна секогаш се повикува на историјата (според нивно гледање и тумачење), па би ги запрашал во оваа прилика како ке го објаснат следниов според мене (не сум историчар, но историјата ми е пасија) многу интересен и важен детал.

Имено, во осумдесетите години од минартиот век истражував во Државната библиотека на Нов Јужен Велс во Сиднеј, Австралија, што пишувале австралиските весници за Илинденското востание 1903, и наидов на еден – според мене многу интересен и важен детал. Имено, весникот ,,Ди Ејџ,, (Тhe Age), што излегува во Мелбурн, во бројот од 18ти август 1903 објавува информација според агенцијата Ројтер во која ја цитира изјавата на тогашниот бугарски премиер, генерал Рачо Петров за еден софиски весник во која тој наглсува дека ,,позицијата на бугарската влада (се однесува на Востанието во Македонија, МТр) е апсолутно коректна(!) и дека бугарската влада ,,со внимание ја варди границата за да с п р е ч преминувња од Македонија,,!!! (Забелешка: Во тој период Македонија сеуште е провинција во Отоманската империја).

Генералот Рачу Петров исто така тврди во споменатата изјава: ,,Востанието во Македонија е чисто национална (т.е.македонска, забелешка моја) работа на внатрешниот комитет (се мисли на ВМРО, забелешка моја),, (Види: Мартин Треневски, ,,Илинден 1903 во австралискиот печат, стр. 103, издание Матица Македонска, 1998 и во дополнетото издание на истата книга на англиски јазик: The 1903 Ilinden Uprising In the Australian Press, страна 77, во издание на Македонска Искра, 2007).

Следствено, работите не се баш такви за бугарската страна да може на сила да наметнува ставови за историското минато на македонците, какви што и се нејзе по воља. Зачудува само молкот на нашите историчари од Институтот за национална историја, Kатедрата по историја на Филозофскиот факултет, а посебно молкот од патријарсите на македонската историја во МАНУ(!!!) кои сега, кога ни е најпотребно никаде ги нема.

Бугарската страна, според Договорот за пријателство потпишан на 1 август 2017 сред Скопје, сега и комисиски ке не убедувала дека тони и тони историска литература од наши историчари не ке важи повеке, нашите историчари ке треба да си ги скинат, или запалат – сеедно, своите дипломи, а тие со документи ке не убедувале дека сме биле во заблуда – теза што кога не би била многу, премногу опасна, би била гротескна.

Загрижува и ставот на фамозната Европска Унија која очигледно нема механизми да ги заузда некои свои членки кои, како во предметниов случај, силеџиски наметнуваат свои ставови на други без да ги почитуваат елементарните норми, ниту пак меѓународни документи за основните правата на народите.

Малку скандинавски дух и пракса од страна на ЕУ би ни користела многу на сите нас во регионот, без разлика дали сме нејзини членки, или не сме!

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top