На прво место

Македонија, без традицијата, ќе немаше ниту Македонска православна црква – Охридска Архиепископија

Македонија без традицијата, ќе немаше ниту Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија

Отворено писмо до Синодот на МПЦ

Ваше Блаженство, Г.Г. Стефан,

Нека е за многу години месецот на големите христијански празници, Св. Илија – воедно и национален празник Илинден и Св. Богородица!

Месец во кој е најизразено единството на Македонците овде и низ светот! Вие тоа најдобро го знаете, зашто илинденските празнувања,  дијаспората секогаш ги организира во присуство на Вас и на високи претставници на МПЦ. Оваа година, врските на Македонците од Македонија и во дијаспората се уште посилни, а обединувачка нишка е зачувувањето на вековното Име, Идентитетот и нашата Историја.

Верувам дека Вам, на Синодот како и на свештенството, ви е јасно – мнозинството православни верници очекуваат да ги поддржите напорите за сочувување на врвниот национален интерес, на Македонштината.  Чесни исклучоци од вашите редови, веќе се на тој пат, со народот..

Впрочем, без народот, Македонија, без традицијата, ќе немаше ниту Македонска православна црква – Охридска архиепископија, како што е јасно и дека Црквата има/ла огромна заслуга за ширење на писменоста, сочувување на традицијата, на македонскиот јазик . Народот – верниците се основата на вашето постоење и делување, тој во минатото и денес ја изразил својата лојалност верувајќи во вас, учествувајќи со се’ што имал и во изградбата на православните христијански храмови. Тоа е уште една потврда на цврстата поврзаност на народот со црквата, на чувството за единство со своите духовни оци.

СУМ – Граѓанската глобална координативна мрежа Сите за Унитарна Македонија, е формирана од 30-тина здруженија со единствена цел – зачувување на Името и Идентитетот. За таа цел делува со широк спектарт активности, а ова отворено писмо е дел од напорите за зајакнување на фронтот за Македонија.

Воедно, преку писмото,  ја пренесува и пораката споделена со македонската дијаспора – бидете со народот во овие тешки времиња, сплотете  го, помогнете му да излезе од овој кошмар како победник, кој достоинствено ќе го продолжи своето постоење, втемелено во стремежи и визии, низ безбројни битки, положени жртви и неизбришлив аманет од претците, за своја, просперитетна држава со само едно, непроменливо име – Македонија!

Мнозинството народ сочувствува со тешкотиите низ кои поминувате во процесот на признавање на Црквата и вклучување во семејството на национални правослвни цркви, иако, нема поважно нешто од тоа – народот да ве признае! Но, не може да разбере ако притоа потклекнувате под притисоци и со неприфатливи потези, како што беше писмото до БПЦ.. Верниците очекуваат да излезете од тој недостоен лавиринт и да го убедите народот дека не сте алатка во рацете на актуелната политика, туку вистинско духовно водство, кое своите цели ги поставува на долг рок и ќе ги оставри мудро, чесно, со духовна сила, доследно..

Ајде да се потсетиме дека во еден период, христијанството во Македонија, во мрачниот ран среден век поминало низ фаза на висока просветленост, исчистување од земните пороци и со филозофски однос на богомилите кон верата, има направено цивилизациски придонес кон разбирањето за слободата на човекот, која подоцна ја иницира ренесансата и напредни реформациски процеси низ Европа.  

Не заборавајте дека народот,  длабоко во себе преку историската меморија, ете и до великиот Кочо Рацин кој пишувал за тоа,  ги носи овие традиции и затоа од Црквата, со право, очекува многу повеќе! Не ја изневерувајте..

Со почит,

СУМ- Сите за Унитарна Македонија

Скопје, август 2018

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top