На прво место

Автономна Македонија

avtonomna original

avtonomna original

Декларација на Лондонскиот  Балкански Комитет за провинција Автономна  Македонија

Англија и вистински хуманиот англиски народ, запознавајќи се добро со вистинската положба на работите во Турција, одамна уште зазборуваа за автономијата на Македонија. За ова прашање се интересираат подобрите англиски весници, зошто поголемиот дел од британската јавност е за Автономијата на Македонија. Тоа се потврдува и со последната декларација на Лондонскиот  Балкански Комитет за разделување на Европска Турција на три провинции: Автономна  Македонија, Автономна Јужна Албанија и Автономна Северна Албанија. Во англиските весници  долго нагаѓаа за целите на последното патување на НЦВ Фердинанд во Виена и Берлин. Times пишуваше дека Фердинанд добил согласност од Австрија и Германија за Автономијата на Македонија. Во истиот весник се вели дека патувањето на претседателот на бугарското  народно собрание, г-дин Данев во Русија имало исто таква цел – да дејствува во полза на воведувањето Автономија во Македонија. Франција чува строга неутралност по ова прашање, бидејќи  таа повеќе од сите има економски интереси во Европска Турција воопшто и во Македонија посебно. Општоевропската политика, гледајќи го безсилието на Турците како владеачка нација – од една страна, и нивната  грубост на азијатски деспоти  – од друга: забележувајќи го очевидниот стремеж кон прогрес на месното население – од една страна, и неговата политичка незрелост – од друга, се запира врз автономијата врз европските провинции на Турција како врз единствено рационално средство за разрешување на ВЕЧНО ИЗБУВЛИВОТО МАКЕДОНСКО ПРАШАЊЕ.

Ние тврдо веруваме дека Македонија заслужува автономна управа:

1) по својата културна состојба Македонија  стои повисоко  отколку Бугарија, Србија и Грција до своето ослободување;

2) шаренилото на етничките елементи во Македонија е лага на заинтересираните или наивните луѓе: во Македонија е поеднообразен етничкиот елемент, отколку во Бугарија или Србија, до ослободувањето;

3) најпосле, економската благосостојба на населението  во  оваа несреќна област на словенскиот југ при подобра администрација, за неколку години би се подигнала на достатно висок степен: земјоделството, сточарството, свиларството, пчеларството, овоштарството  и лозарството – сето тоа се златни извори  за трудољубивиот Македонец, а сето тоа денеска се закопани богатства.

Но за сето тоа подробно ќе позборуваме друг пат.

И така, при автономна управа, под контрола на европските сили, Македонија за децени ја – две ќе ги достигне своите соседи од север и од југ, како во културно – литературен, така и во економски поглед.

Некогаш Русија ги ослободи Бугарија и Србија и го постави почетокот  на политичката самостојност на Јужните Словени. Сега пак, Бугарија и Србија имаат морален долг да ги соединат своите политички сили и да укажат дипломатско влијание во полза на Автономијата на Македонија.                                  .

Автономната Македонија е најправедното разрешување на Македонското Прашање; заедно со тоа ќе се реши и целото источно прашање. Тоа е толку понеопходно, зошто со него е заинтересирана цела Европа: во Македонското прашање веќе одамна се мрешка призракот на една општоевропска војна.

Macedo: Одесса 1 VIII 1912г

од Крсте Петков Мисирков

Превземено од Лоза

Најново од: На прво место

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

To top