На прво место

Зоран Заев е креаторот на капитулантското дело наречено Договор од Преспа

ВМРО-ДПМНЕ: Името на државата, идентитетот и јазикот не се пречка за влез во ЕУ и НАТО, единствената пречка е Заев

Владата на СДСМ со еден потпис во Преспа се откажа од се што е македонско, се откажа од уставното име, јазикот, идентитетот, историјата и културата како и македонското малцинство во соседството. Зоран Заев е креаторот на капитулантското дело наречено Договор од Преспа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Капитулацијата на државата и распродажбата на националните и државните интереси не е патриотски чин, ниту пак историска шанса за Македонија. Свитканата кичма не е одлика на еден европски или западен политичар, не е одлика на сигурен партнер во кој можеш да имаш доверба. Човек кој е аболициран за милионски криминал и повторно амнестиран од партиското судство не е пример за европски политичар. Ниту еден капитулантски договор не може да ја надомести штетата нанесена на македонските евроатлантски интеграции од криминалните тендери и грантови доделени на партиски послушници на СДСМ, стои во реакцијата и се додава:

„Зоран Заев не може да го избрише фактот дека светските медиуми известуваат за Македонија како Мека на криминалот и корупцијата. Македонија не може да ги оствари своите стратешки интереси со партиско судство кое служи единствено за прогон на политичките неистомисленици на Заев и СДСМ.

Името на државата, македонскиот идентитет и јазик не се пречката за влез на Македонија во ЕУ и НАТО. Единствена пречка на патот на нашите евроатлански интеграции е еден човек, а тоа е Зоран Заев истиот оној кој од струмички бизнисмен бараше 200 илјади евра поткуп.

Македонија ќе се врати на патот кон ЕУ и НАТО единствено кога Зоран Заев ќе ја напушти Илинденска бб. и ќе замине во политичка пензија“.

Најново од: На прво место

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

To top