На прво место

Инсталирање на вазалска власт во една земја не е играчка!

Савески: Да се разбереме, Заев не го потпиша договорот со Ципрас зашто НАТО ќе донело инвестиции

Да се разбереме, Заев не го потпиша договорот со Ципрас поради некоја определба за соживот на балканските народи. Гајле му е нему што после тоа омразата помеѓу Македонците и Грците се зголеми.

Не го направи тоа ниту поради убеденост дека НАТО ќе донесело поголеми инвестиции или ќе се подобрела безбедноста. Дотолку барем ги разбира работите.

Го направи сето ова, зашто му дадоа задача од САД да ја заврши за тие да ја остварат својата геостратешка цел во борбата за превласт со Русија и да ја убутаат Македонија во НАТО.

Е сега, не наивно, претерано наивно е да се очекува дека Заев заради ништо ги послуша своите империјални газди. Добриот вазал не се менува и до крај се поддржува. Се знае како оди дилот на вазалите со империјалните господари: вазалот го слуша господарот, а за возврат тој му дава одврзани раце да ја употребува и злоупотребува власта за своја лична корист. Толку, бре, случаи за ова има во светот, срамота е да не гледаме што се случува пред нашите очи!

И имајте предвид, ќе се гази демократијата, ќе се газат човековите права, но од „меѓународната заедница“ никаков притисок против тоа немојте да очекувате. Инсталирање на вазалска власт во една земја не е играчка! Скапа е цената што народите ја плаќаат во такви држави!

Од Фејсбукот на Здравко Савески (член на президиумот на Левица)

Најново од: На прво место

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

To top