На прво место

Народ со гума не се брише

narod-so-guma-ne-se-brise

narod-so-guma-ne-se-brise

Со цртање нови карти древните не се ништат..

Не сме испишани со молив па со гума ќе не избришете? Народ со гума не се брише..

Јас Постојам. Македонка сум, Христијанка православна. И повторно да се родам одбирам МАКЕДОНКА ДА СУМ! Гордо ќе си го носам својот крст на плеќи. Целото богатсво на земјава да го имам ако Татковината ја изгубам јас сум Ништо. Една празнина без име и идентитет.

ЧУМУ ти е Татковината ако не знаеш да ја сакаш?

Чуму ти се децата ако не знаеш да ги сакаш?

Чуму ти е животот?

Ни еден живот не е повреден од Татковината.

Кога ке сфатиме дека Македонија не треба да се сака мегу редови?

Кога ке сфатиме дека мајката се сака со чист образ?

Кога ќе сфатиме дека со мајката нема водење ПОЛИТИКА.

Никако да сфатиме дека се што припаѓа на Македонија не може да е мое твое.. Тоа може да е само НАШЕ.

На исток Македонија На запад Македонија На север Македонија На југ Македонија.. Од сите четири страни Македонија со себе граничи.. Од сите четири страни на македонски јазик се говори. Од сите четири страни kako река се слеваат букви, слова, зборови македонски. Јазикот не одржал со векови..

Војна не се води само со оружје.

Војна се води И со договори и преговори на маса или на тркалезна маса каде што СЕГА се распродава Македонија.

Македонија сакаат да ја умрат пред наши очи. А всушност не умира земјата како поим умираме ние како народ.

Нема да дозволиме други да решаваат кога да живееме и кога да умреме.

Јазикот е клучот на нашето срце. Го губиме клучот го губиме јазикот…Ја губиме црквата ја губиме душата.

Горе глава МАКЕДОНЦИ, гробовите попатни тоа не ни го дозволуваат.

Небото над нас не го дозволува.

Земјата по која газиме не го дозволува.

НИЕ ТОА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИМЕ! Да ни е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!

Виолета Сековска

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top