На прво место

Неодговорност…

Неодговорност…

Странскиот фактор кој секојдневно ни укажува на европските вредности, мудро молчи за новата тендерска револуција.

НЕОДГОВОРНОСТ е кон самите себе и татковината на 30-ти септември да седите дома и бојкотирате. Така отприлика беше очајниот рафал на господинот кој пред неколку години како претендент за претседател на Републиката го нарече истиот овој народ овца. Сите знаеме како овцата му пресуди на изборите на Стево Пендаровски.

НЕОДГОВОРНОСТ е истата оваа политичка опција која во 2004 годинa го бојкотираше референдумот за територијалната организација и ги малтретираше своите членови со закани да останат дома, денес да ни кажува дека народот нема право на бојкот и мора да излезе, нели битно е само да се излезе, а за резултатите не е важно, се знаат однапред (барем во нивниот штаб).

НЕОДГОВОРНОСТ е дел од поддржувачите на оваа група секојдневно да нѐ малтретираат и агитираат да излеземе, со слоганот „ако си против, биди демократ и искористи го правото на глас“. Па еве и една порака до демократите – го задржувам своето демократско право да гласам ПРОТИВ, но со бојкот, бидејќи само така мојот глас ќе биде заштитен од демократската референдумска кујна – Better safe then sorry!

Впрочем вие го имавте истото право на бојкот во 2004 година, зошто сега ние да го немаме истото право!? Двојни стандарди!? Ма нееееее! И тогаш лажевте дека бојкот на тој референдум значи влез во ЕУ/НАТО, се сеќавате? Ете влеговме!

НЕОДГОВОРНОСТ е кога дел од подржувачите на оваа група лепат етикети на сите кои се против овој договор дека се во одбрана на криминалите на ВМРО или ги поистоветуваат сите дека се припадници на таа опција. Овие етикети во најмала мера се непристојни, одвратни и несериозни!

Значи според вашата неапдејтирана реторика пола од вашите подржувачи кои се против ВМРО, но и против договорот, се ВМРО-овци!? Не знам само како ќе се преброите на 30-ти, да не кажете не сте знаеле, бидејки добар дел од таа политичка опција можно е и да не излезе на референдум, да не испадне сами се поразивте!?

Бидејќи вашиот софтвер не е ресетиран долго време и сѐ уште живеете во време каде за вас постои само ВМРО и СДСМ, каде трета опција нема, ќе додадам дека сите анкети нарачани од која било партија во последните 5-6 години покажуваат рејтинг на двете македонски најголеми партии од 35-38% заедно, а наспроти нив море од народ кој е незадоволен и неопределен со 38-41% . Овој народ со години чека подобра клима или нова прогресивна македонска трета опција, и затоа не излегува на избори.

Е само ова гласачко тело на неопределени може да одлучи за излезноста на рефендумот. Не ги барајте во ВМРО, еве пред да дојде 10-ти септември ќе ви кажам како ќе се огласи моменталното раководство околу референдумот.

„Оставаме на народот да си одлучи, не бојкотираме, но не го поддржуваме договорот“, отприлика вака ќе биде математички прецизниот рафал на Мицкоски.

Гледајќи како и оваа влада се расфрла со тендери, тешко ви се пишува од овие што апстинираат (неопределените) или повремено се вмешуваат во политичкиот камп да гласаат против, генерално тие се гласовите кои решаваат на сите избори.

Тие истите, како да гледаат еден наместен натпревар со две полувремиња во два различни дреса каде на крајот намерно нема победник, како што нема победник во последните 27 години. Пинг-понг сте играле?

НЕОДГОВОРНОСТ или во најмала мера закана е изјавата на премиерот дека ако нема цензус ќе се смета дека народот не се изјаснил и Собранието само ќе си решавало без разлика на резултатот од референдумот! Демократија на ниво !

НЕОДГОВОРНОСТ е истиот овој премиер кој пред неколку недели изјави дека референдумот ќе биде обврзувачки, з потоа ретерира и си намести „консултативен“ референдум just in case!

НЕОДГОВОРНОСТ е да потпишеш договор во име на нацијата и после бараш согласност за cвоите постапки, наместо прво да се консултираш со својот народ, па потоа да потпишуваш!

НЕОДГОВОРНОСТ е да вметнеш онака шверцерски 3 прашања во 1 референдумско прашање!? Еве ја сум ЗА ЕУ, но против НАТО и против договорот, како да гласам!? А вакви како мене се стотици илјади граѓани! Сакаат ЕУ, но не сакаат промена на име и не сакаат во НАТО. Што правиме сега со овој народ? Значи вие на народот му нудите лимон, цитрон и портокал и го терате да гласа дека овие 3 овошки се исти!?

Да живее мајка природа, НЕ СЕ ИСТИ! Едната е многу кисела, другата помалку кисела, третата помалку кисела и поблага. Оставам на вашата имагинација да одлучите кој е натрапникот!

НЕОДГОВОРНОСТ е кога мојот премиер се потчинува и се извинува на соседот кој побара јавно во две прилики, да се извини што изјавил дека Илинден е македонски празник. Не беше доволно едно јавно омаловажување на премиер на една земја, па онака мангупски му побараа второ. Чисто да си знае кој е кој ако случајно дојдеме до тие фамозни преговори, за Грција да не правам муабет, тие уште не почнале!

НЕОДГОВОРНО е странскиот фактор кој секојдневно ни ги укажува европските вредности и кој патем ни е „пријател“, мудро да молчи и глуми лудило во време на нова тендерската револуција, во време каде наместо ваква револуција, треба да се стави стоп на корупцијата, во време каде треба да се одговара за криминалот и на тие и на овие, во време каде треба да се прават реформи ! 18 месеци end counting !!

Но, тој наш пријател си има само свои приоритети и ништо повеќе, а ти Македонецу сѐ уште верувај. Тој наш пријател се јави само во два круцијални моменти, објава за злоупотребите на ДИК и Антикорупциска, небаре останатиот дел од системот е перфектен и подготвен за ЕУ, упс извинете, за НАТО мислев де.

Со парализирање на овие две институции им се даде до знаење на позицијата и опозицијата дека НЕМА да има предвремени избори додека не се заврши процесот за влез во НАТО и дека МОЖЕ да има нова тендерска револуција, у стил јади/пиј колку можеш до 30-ти.

ДА БЕВТЕ вистински пријатели, немаше да се симневте од ТВ екраните осудувајќи ја новата тендерска револуција, непотизам и криминал! Ќе се боревте заедно со обичниот Македонец кој четвртина век бара просперитет и правда, но наместо тоа ВИЕ не се симнувате од ТВ екраните убедувајќи нѐ, за вредности во вашите општества, а во исто време премолчувате за уништување на истите во ова наше опшстество!?

И за крај, упатувам порака до мојот народ да се свести и да размисли дали е можно овие македонски елити (од 1991 години) да нѐ внесат во ЕУ !? И зошто до сега не можеле или не сакале да нѐ внесат во ЕУ? Мојот одговор е едноставен: тоа е исто кога Ал Капоне би преговарал за влез во американскиот сенат со ФБИ!

Ако читате меѓу редови, на сите странски фактори, ќе видите дека и името не е толку голем проблем колку што е проблем корупцијата, судството и системот генерално. Па прашање е дали ќе имавме толку голем притисок, доколку бевме стокмени како држава каде ќе имавме реформи кои дури и ЕУ би ги копирале од нас!?

Овој референдум НЕ е за влез во ЕУ, овој референдум е влез за НАТО и интересите на нашите „пријатели“ да го блокираат таканареченото руско влијание и ништо повеќе! ЗА ЕУ ќе се помачиме многу години, не поради нив, туку поради нашите елити, тие истите кои 27 години нѐ внесуваат во ЕУ!

Куќата се гради од темел, не од покрив. Оваа куќа е стара 27 години, трула е и мора да се турне и одново да ја изградиме, но овој пат на цврсти темели!

Владимир Кофчегарски

https://www.mkd.mk/kolumni/neodgovornost-0

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top