На прво место

Кратко кажано имаме целосно неедуцирана дипломатија, исклучително слаба наука во оваа област

При приемот на нашата земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт

При приемот на нашата земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт, односно државата е примена со дополнителни НЕЛЕГАЛНИ услови надвор од пропишаните во член 4 од Повелбата на ООН.

Овие услови се: 1 Обврска за носење на деноминацијата Бивша Југословенска Република Македонија; 2 Преговорите за името (сопствен правен идентитет) со друга држава.

Според судскиот став на Меѓународниот суд од 1948. г ваквите услови кои во време трансцедираат како свршени услови за прием во ООН се НЕЛЕГАЛНИ.

Според Судот (МСП) услови, посебни за македонскиот прием, се спротивни на Повелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), односно според Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (од Хаг) од 1948 година, искажан е ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можат да бидат поставувани на кандидатот за прием.

Ова Советодавно мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 од Повелбата.

По откривањето на кршењето на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелегални дополнителни услови, јас сум предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета.

Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политички приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поаѓајки од Советодавното мислење на Меѓународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да се побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифаќајки ги ставовите на Меѓународниот суд од 1948, со просто мнозинство од присутните членови кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), јас покажав дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајќи ја референцата односно деноминацијата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “).
Вториот модел е правната варијанта во која предлагам еден меѓу чекор, а тој е поставување на прашање до Генералното Собрание на ОН до Меѓународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали поставените услови влегуваат во категоријата специфични, дополнителни услови за прием на Македонија во ОН, дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавно мислење од Меѓународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегални, при прифаќањето на таквото мислење од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија).

Да потсетам, државите, според меѓународното право, немаат ексклузивни права на државни имиња. Избор на државно уставно име е во строга внатрешна јуридикција на секоја држава. Секоја држава, според меѓународното право, има полна правна слобода при изборот на своето државно име. Името на држава е неоттуѓиво и суверено право. Што се однесува до толкувањето на историјата, ниту една држава нема монопол при интерпретација на историските факти и движења. Државното име, како такво, не влијае на историската интерпретација.

Грчкото обвинение дека името е поврзано со иредентизам и територијални аспирации, исто така е неосновано според меѓународното право. Во меѓународнто право познато е дека менувањето на државните имиња не влијае врз територијалните права на својата држава, како ни врз територијалните обврски на другите држави. Оттаму и ова обвинение на Грција за загрозување на некое нивно право или за територијално загрозување нема никаква правна основа. Промена на државното име, како и други државни симболи кои се во строга внатрешна надлежност на секоја држава, според меѓународното право, не може да биде толкувано како иредентизам или како територијални аспирации.

Што се однесува до Нимиц, тој не одговара на Советот за безбедност, туку на Генералниот секретар на ООН. Проблемот не е БЕЗБЕДНОСЕН, како што лаички се мисли во Македонија, бидејки за безбедносни прашања Генсекот на ОН редовно поднесува извештаи до ООН. Сега ако ги прекинеме преговорите за името, Нимиц може само да поднесе извештај до Генсекот, а овој може а и немора да се пожали до Советот за безбедност. Но Советот за безбедност не може да донесе каква било резолуција со која би ја оневозможило акцијата во Генералното собрание на ООН или пред Меѓународниот суд на правдата.

Така да, ако можам да заклучам проблемот во Македонија е апсолутно непознавање на функционирањето на системот на ООН.

Пример, во врска со членството Генералното собрание на ООН донесува обврзувачки одлуки (а Советот за безбедност дава само препораки). Односно ние целосно можеме да го заобиколиме и Нимиц и Советот за безбедност. Натаму одлуките во Генералното собрание се донесуваат со просто мнозинство. Нимиц е ангажиран по договор за дело и е пензионер на ООН.

Кратко кажано имаме целосно неедуцирана дипломатија, исклучително слаба наука во оваа област и поплава на лаички мислења од нестручни лица, така што тоа е главната причина што досега ништо нема направено на овој план.

Професор.Др. Игор Јанев

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top