На прво место

Централен Бојкотирам собир „Бојкотирам Северна, Секогаш Македонија!” -Скопје 27ми септември во 19:00

Централен Бојкотирам собир „Бојкотирам Северна, Секогаш Македонија!” –

Скопје 27ми септември во 19:00 ч пред Собранието

СТОП! Доста не присилувате да си го смениме името. Ние сме Македонци, а Македонија е името на нашата татковина!

Ние студентите нема да ви дозволиме да ни го смените нашето име, идентитет и јазик. Државата останува на младите и токму затоа младите се тие кои треба да одлучат за иднината на Македонија. Затоа токму ние студентите ќе ја поведиме битката за одбара на нашите човекови права, за нашето достоинство и нашата чест.

Во име на нашите основни човекови права и достоинство, ние студентите ве повикуваме сите вас да се придружите на огромен сенароден собир за бојкот на референдумот за наше преименување во Северна.

Огромениот сенароден и непартиски протест кој ќе се оддржи на 27ми септември во 19:00 ч во Скопје пред Собранието.

Бојкотот треба и мора да победи! Бојкотот ќе победи затоа што промена на името за македонскиот народ претставува културен холокауст!

Бојкотот мора да победи бидејќи тоа што за Евреите беше холокаустот, тоа за Македонците е промената на името.

Бојкотот по секоја цена мора да победи бидејќи промената на нашето име е наше уништување

За нас Македонците ова е битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот!

Или ќе опстанеме како народ, или ние Македонците ќе изумреме и ќе исчезнеме.

Токму затоа по секоја цена мора да го одбраниме нашето име!

Ние знаеме кои сме, ние сме биле, сме и ќе останеме Македонци и никој тоа нема на овој свет да го смени! Затоа, придружете ни се!

Ние нагласуваме дека настанот е исклучиво непартиски и позади него не стои ниту една политичка партија.

Ние сме студенти од сите политички спектруми обединети за одбрана на името Македонија.

Бојкотот ќе победи!
Бојкотирам Северна, Секогаш Македонија!

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top