На прво место

На 30-ти не излегувајте на гласање, одете до црква и заблагодарете му се на Господ што ви ја дал МКД

Џејсон Мико: На 30-ти не излегувајте на гласање, одете до црква и заблагодарете му се на Господ што ви ја дал Македонија

Дали референдумот ќе биде слободен и фер?

Како прво, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, кој е помал коалициски партнер во грчката Влада и лидер на партијата Независни Грци, им испрати поздрави и честитки на Македонците, каде и да се:

„Не постои македонска нација, не постои македонски јазик. Вие зборувате словенски“, изјави Каменос.

Мала забелешка: огромно мнозинство од Грците веруваат во ова што го зборува Каменос, а капитулацијата на Заев во целост е замислена да се постигне една цел: да се елиминира, еднаш и за секогаш, секоја помисла, идеја или секој спомен на македонската нација и јазик. Тоа беше нивната цел, тоа е нивната цел, и тоа секогаш ќе биде нивната цел. Гласање на референдумот е глас за национално самоубиство. Запомнете, тие од Западот што го поддржуваат овој договор – избраните политичари, неизбраните бирократи, тинк-тенковите, академијата, невладините организации и така натаму – тие или не разбираат, или не им е грижа што пишува во договорот. Тие сакаат Македонија да биде во НАТО и во ЕУ и не им е гајле како ќе дојдат до таа цел. За нив, Македонците се само пион во глобалната игра на градење на светски поредок и проектот на „усовршување на човештвото“, со кој мислат дека ќе создадат Рај на земјата бидејќи не веруваат во вистинскиот Рај, во Господ, во постоење на доброто и злото, на исправното и погрешното.

Понатаму, македонскиот народ и нација, кои, според Грците, не постојат, изгледа дека се сопственост на Зоран Заев. Неодамна, зборувајќи за Македонците, тој единствено го употребуваше изразот „мојот народ.

Сериозно? Ова звучи месијански, како да е диктатор од некоја тоталитарна држава. Ако навистина толку верува во договорот што го потпиша неговиот министер за надворешни работи, зошто тогаш земјата се уште ја нарекува „Македонија“? Зошто не го прифати името „Северна Македонија“, за да можеме сите да се навикнеме?

Но, да се вратиме на прашањето од насловот. Дали референдумот ќе биде слободен и фер?

Очигледно тоа не е важно. Според британски Гардијан, „западни дипломати најавуваат дека дури и ако одзивот биде под прагот од 50 проценти, кој е потребен за референдумот да се смета за валиден, ако има мнозинство од гласовите ’за’ промена на името, тоа ќе се смета како доволен мандат за преименување“.

А сепак јасно е дека одзивот им е важен. Актуелната Влада на Македонија рече дека ќе го почитува владеењето на правото и словото на законот. Можеме ли да им веруваме? Дали некогаш досега го испочитувале законот?

По прашањето на избирачкиот список, Македонците и тие што ја следат македонската политика секако се сеќаваат на 2015 и 2016 година, на времето пред парламентарните избори во 2016 година, кога бандата од таканаречената „шарена револуција“ кај стигне се жалеше за избирачкиот список. А сепак, избирачките списоци не се сменија многу. Балкан Инсајт минатиот месец оцени дека „стара е контроверзата околу избирачките списоци, кои, како и при претходните избори, содржат околу 1,8 милиони гласачи… Пред да дојдат на власт во 2017 година, СДСМ остро ја обвинуваше сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека намерно ги напумпала избирачките списоци за да ги фалсификува минатите избори. Но, по неколку проверки на списоците во 2015 и 2016 година, спроведени со цел да се загарантираат фер избори, списоците се уште имаат приближно ист број на гласачи, што, според директорот на Цивил Џабир Дерала укажува дека нема волја за сериозно да се надмине овој проблем“.

Значи, и натаму владее конфузија, но Владата навидум е задоволна со избирачкиот список.

Понатаму, тука се и меѓународните набљудувачи. ОБСЕ, преку Канцеларијата за демократски иниституции и човекови права (ОДИХР) испрати мисија на терен во Македонија да го набљудува референдумот и ќе има тимови на набљудувачи низ земјата на денот на гласањето. Нивниот извештај од август, меѓу другото, наведува дека:

– Соговорниците со кои се сретна набљудувачката мисија на ОДИХР… изразија загриженост за способноста (на Државната изборна комисија) ефективно да го регулира референдумот согласно актуелната законска рамка, вклучително и на денот на гласањето.

– Сите соговорници очекуваат да се водат одделни кампањи во одделните етничките заедници, а некои забележаа дека се можни закани и притисоци врз гласачите во етничките албански заедници.

– Законот предвидува правни лекови за сите граѓани во прашања поврзани со референдумот, како и за граѓаните и меѓународните набљудувачи на гласачките места. Но, сепак, регулативата не обезбедува можност за партиски набљудувачи на денот на гласањето. Неколку соговорници на ОДИХР сугерира дека ова ќе влијае врз транспарентноста на процесот.

Прочитајте го и сами извештајот. Поентата е дека има многу, многу прашања за самиот референдум, почнувајќи од неговиот консултативен, незадолжителен карактер, начинот на кој беше поставено прашањето – без согласност на опозициските партии, па до многуте проблематични вести за заплашување на гласачите, граѓанските набљудувачи и разни правни прашања.

Но, на крајот на краиштата, ако се во право овие неименувани „западни дипломати“ спомнати погоре, референдумот воопшто не е важен – барем не е важен за нив. Тие веќе решиле дека Македонците мора да бидат на „вистинската страна на историјата“, израз кој тие многу сакаат да го користат кога им солат памет на „малите луѓе“.

А сепак…

Вие, Македонците, се уште можете да ги кренете своите гласови така што нема да гласате на референдумот – со бојкот. Дури и ако тие „западни дипломати“ успеат во своите намери во однос на вас (какви и да им се), се уште можете да им се спротиставите. Ова ќе биде многу долга војна која ќе содржи многу битки: на битката закажана на 30 септември не излегувајте на гласачите места; одете до црква, заблагодарете му се на Господ што ви ја дал Македонија, а потоа минете го денот со вашето семејство и пријателите, уживајќи во природата и во некој убав ручек.

Што се однесува до мене, ова секогаш ќе биде Република Македонија. Ќе биде и ќе остане Македонија

Пишува: Џејсон Мико за Свест.мк

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top