На прво место

Според етничката припадност на референдумот 33,5 отсто од Македонците ќе заокружат „за“,66,5 против

ИСТРАЖУВАЊЕ НА МКД.МК

Повеќето граѓани се позитивни во однос на референдумското прашање, кај Македонците мнозинството е „против“, кај Албанците „за“

Етничката припадност во однос на тоа како ќе се гласа на референдумот закажан за 30 септември и натаму е многу изразена – мнозинството Македонци се против Договорот со Грција за промена на името, а кај Албанците тој процент и во однос на договорот и членството во НАТО и ЕУ е многу поубедлив, над 90 отсто. Се зголемува бројот на граѓаните кои се одлучиле за бојкот.

Во однос на референдумското прашање „дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“, анкетата на МКД.мк и на агенцијата „Маркет вижн“ покажа дека 51,1 отсто од анкетираните граѓани имаат позитивен став, а 48,9 отсто од 1.200 испитаници одговориле „не/против“. Од тие 51,1 отсто, 10,2 отсто сѐ уште не знаат дали ќе гласаат, а на гласање со глас „за“ ќе излезат 40,3 отсто.
Од тие што имаат негативен став во однос на референдумското прашање 24,6% ќе бојкотираат, 16,2 сѐ уште не знаат дали да излезат или не, а 8,2 % ќе излезат и ќе гласаат против.

Според етничката припадност на референдумот 33,5 отсто од Македонците ќе заокружат „за“, а 66,5 отсто се „против“. Кај Албанците 95 отсто се „за“, а 5 отсто се „против“.

Истражувањето кое за МКД.мк го реализираше агенцијата „Маркет вижн“ беше спроведено телефонски од 29 август до 4 септември на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници од целата земја.

Дали го поддржувате Договорот со Грција за промена на името Република Македонија, беше второто прашање на анкетата. Со „да“ одговориле 47,4 отсто од испитаниците, 52,6 отсто не се согласуваат со потпишаното во договорот.

И тука етничката припадност дава голема разлика во одговорите – 93,7 отсто од Албанците немаат никаков проблем со Договорот со Грција, а кај Македоните дури 71 отсо се против договорот.

Во однос на излезноста на референдумот на 30 септември (Дали ќе излезете на гласање или ќе го бојкотирате референдумот за промена на името и членство во ЕУ и НАТО?), бројот на оние кои се определиле за бојкот е во пораст – 25,25 отсто. На гласање би излегле 48 отсто од испитаниците. „Сѐ уште не знам“ одговориле 26,85%.

Кај Македонците процентот за бојкот е 35,3% (20,8 отсто сѐ уште не одлучиле), кај Албанците 3%, (сѐ уште не одлучиле 40,1 отсто од албанскиот дел од испитаниците). На гласање ќе излезат 43,9 отсто од Македонците и 57 % од Албанците.

Дали сте за членство на Македонија во НАТО? Високи проценти – 77,3 отсто од испитаниците одговорија со „да“, а 18,8 одговорија со „не“.

На ова прашање и етничката припадност не дава толку голема разлика како кај претходните прашања – за членство во НАТО се 70,6 отсто од Македонците и 95,4 отсто од Албанците.

На минатото истражување (април 2018) големо мнозинство од Македонците беа против промена на името и Уставот како услов за членство во НАТО. Мнозинството македонски граѓани се против членството во НАТО со променето име и се против измени во Уставот ако е тоа дел од пакетот за промена на името. Резултатите во април покажаа дека 20,4 од испитаниците се против какво било членство на Македонија во НАТО, дури тоа да биде и под уставното име. За таквата можност, членство под уставното име се 79,6 отсто од испитаниците, покажаа резултатите од април.

И на прашањето за тоа дали сте за членство на Македонија во ЕУ, 81,3 отсто од испитаниците одговориле позитивно, а негативен одговор дале само 15 %.

И тука, и кај Македонците и кај Албанците висок е процентот за членството во ЕУ на Македонија – 95% кај Албанците и 76,4 отсто кај Македонците (19,7% се против, а кај Албанците 2,6 % се против).

Дали ја поддржувате идејата Македонија да не поддржува и да не членува во ниту еден воен сојуз, односно да биде неутрална? Со „да“ одговориле 29,3 отсто од испитаниците, 54,8 отсто од нив одговориле со „не“, а уште не знаат 15,9 отсто од нив. Или кај Македонците оваа идеја ја поддржуваат 36,8 отсто од испитаниците, а кај Албанците 13,2. Против оваа идеја се 48,4 отсто кај Македонците и 67,9 отсто кај Албанците.

На ова истражување од 1.200 испитаници, 64,2% беа Македонци, 25,2% Албанци, 2,4% Турци, 3,5% Роми, 1,9% Срби…

https://www.mkd.mk/makedonija/politika/na-referendumot-511-od-gragjanite-kje-glasaat-za-489-otsto-protiv-albancite-se

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top