На прво место

Нема да дозволиме, било какво понатамошно урнисување на државата

Македонскиот народ е свесен и паметен и сам ќе одлучи на 30 – ти септември

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Новинар прашање: Господине Јанушев го посетивте Велес, кои се вашите впечатоци од контактите со граѓаните?

Да точно така она што го најавивме извесен период речиси секој ден сме во различни градови разговарајќи со граѓаните, на дел од нив исто така им ги објаснуваме штетните последици од капитулантскиот договор кој што владата на Заев и СДСМ го потпишаа.

Она што е евидентно од она што го разговараме со разговараме со граѓаните, има еден помал дел кој што се уште за жал не се воопшто запознати или во многу мал обем се запознати со текстот на истиот, меѓутоа она што може да се забележи од најголемиот дел од нив е дека воопшто не се согласуваат да прифатат едно вакво капитулантско дело кое што всушност значи не само бришење на името на државата, но исто така значи бришење на јазикот, идентитетот и на се она што е македонско и со кое што векови наши претходници се бореле и залагале.

Новинар прашање: Вечерва имате состанок и со потесното раководство на партијата. Која ќе биде темата на разговор?

Точно така ќе имаме состанок на Општинскиот комитет на партијата овде во Велес. Нема да биде потесен, туку отворен за целото членство и симпатизери кои што сакаат да присуствуваат на состанокот. Покрај актуелната политичка ситуација нормално дека ќе разговараме и за внатре партиските актуелни теми.

Новинар прашање: Продолжувате ли понатаму со протесните маршови?

Да планираме уште најмалку еден протестен марш кој што ќе се одржи следната недела и кој што во наредните денови исто така ќе биде и објавена и локацијата и времето на тој настан/

Новинар прашање: Беше најавено дека денеска претседателот Мицкоски ќе биде вечерва тука во Велес, а вие сте тука која е причината за неговото отсуство?

Претпоставувам дека станува збор за некаква шпекулација и недоразбирање не било најавено присуство на Претседателот Мицкоски, барем не за вечерва во Велес, со оглед на неговата агенда и посетите кои што ги врши по градовите, сметам дека во наредниот период од месец – месец и половина ќе го посети и Велес.

Новинар прашање: Дали освен протестните маршеви до денот на одржувањето на референдумот партијата планира да направи и граѓански средби на кои што ќе разговара со граѓаните, можеби ќе отвори прашања, можеби ќе ги соопшти своите ставовите зошто да го бојкотира референдумот?

Партијата не донела став да го бојкотира референдумот. Партијата се реши за најдемократскиот и најслободоумен начин на изразување на граѓаните каде што буквално повеќе пати објаснивме дека ова е прашање кое што е над сите политички партии, дека е над било кој поединец во Република Македонија. Задира во чувствата на сите нас како Македонци и дека македонскиот народ покрај тоа што има многу пропатено во изминатиов период особено последнава година и пол, е доволно свесен, паметен и знае како треба да одлучи и како ќе постапува на самиот ден на референдумот на 30 септември. Во однос на првиот дел од вашето прашање, всушност и ова во Велес што го направивме во еден дел е посета на граѓаните разговор со нив и она како што кажав, оние кои што се уште немаат доволно информации за самиот договор со Грција да им објасниме зошто ние како партија сме против договорот и зошто го сметаме за капитулантски и штетен.

Исто така она што е доста евидентно, начинот на кој што пробува власта во последен момент да ја вовлече ВМРО-ДПМНЕ во целата оваа прикаска која што цело време ја држеше настрана, бидејќи се поевидентно е и за нив нема да успее референдумот, пробуваат сега на картата на ВМРО-ДПМНЕ. Ние тоа не го прифаќаме, ние од самиот старт го кажавме нашиот став. Од друга страна го гледаме Заев како јавно без никаков пардон нуди и повикува на поткуп, за што и поднесовме кривична пријава и бараме од обвинителството да постапува во однос на истото. Ако одиме по еден следствен тек на настаните се погласни се и шпекулациите дека СДСМ е спремно да се дрзне и на фалсификат на самиот референдум, што се надевам дека граѓаните нема да го дозволат истото. И ние исто како политичка партија ќе застанеме на вистинската страна и нема да дозволиме, било какво понатамошно урнисување на државата.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top