На прво место

Зоран Заев крои нов Устав напишан по грчки инструкции

Стоилковски:Достоинството на македонскиот народ е ставено на тезга од страна на Зоран Заев кој крои нов Устав напишан по грчки инструкции

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Не постои држава на која што Уставот и е подготвуван од соседите. За жал, македонскиот народ е експеримент на Зоран Заев. Достоинството на македонскиот народ е ставено на тезга од страна на Зоран Заев кој крои нов Устав напишан по грчки инструкции.

Владата, министерот Никола Димитров како потписник на договорот и Зоран Заев како договарач на овој документ, мора да престанат со криење. Гласачите мора да ги знаат вистинските факти за да донесат правилна лична одлука на 30-ти септември. Дали се точни информациите дека амандманите се веќе подготвени и се кријат од јавноста?

Дали амандманите се напишани од грчката власт и доставени како нон пејпер? Внимавајте, Владата, извршната власт, е должна да одговори дали амандманите се скроени за Уставот и се подготвени не од македонската Влада, туку од грчката Влада и и’ се дадени во форма на нон пејпер на македонските власти? Дали владата ангажирала само пензиониран професор по уставно право, за само технички да ги среди амандманите што им се доставени. Зошто владата прифаќа капитулантски однос Грција да ги пишува амандманите што Собранието на Република Македонија евентуално треба да ги усвои?

Власта во оваа кампања мора да ги даде клучните одговори, да ги запознае граѓаните со клучните моменти за што е Референдумот и да не ги доведува граѓаните во заблуда. Тие мора да ги знаат сите факти, не смее да бидат манипулирани. Зоран Заев отворено рече не ги објавуваат амандманите затоа што народот ќе се чувствувал непријатно и тоа ќе влијаело на одлуката на референдумот.

Почитувани, власта повикува на излезност, а се крие најважното, како ќе гласат амандманите на Уставот на Република Македонија?

Членот 1, точка 12 од Договорот јасно стои дека цитирам:

„Името и термините наведени во членот 1 од оваа спогодба ќе бидат вградени во Уставот на втората страна. Ваквата промена ќе се изврши наеднаш и севкупно со еден амандман. Според таквиот амандман, името и термините ќе се сменат следствено во сите членови од Уставот. Натаму, втората страна ќе пристапи кон усвојување на соодветни амандмани на Преамбулата, членот 3 и членот 49 од Уставот, како дел од постапката за менување на Уставот.“

Прашуваме дали Преамбулата на Уставот на Република Македонија ќе биде полн со фалсификувани факти: Македонскиот народ и останатите делови од народи се бореле за создавање на Северна Македонија тоа ќе биде класичен историски фалсификат? Дали ќе се бришат одлуките донесени на АСНОМ за создавање на самостојна Македонија во рамки на своите етно географски граници како идеал на многу генерации Македонци?

Ќе се фалсификува ли историскиот факт дека цитирам: „Референдумот од 8-ми септември 1991 година, граѓаните одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава” и дали ќе се напише дека граѓаните на референдумот од 1991 година одлучиле да ја конституираат Северна Македонија?

Во истиот контекст на фалсификување на историјата. Дали членот 36 од Уставот кој сега гласи цитирам: „Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија“ ќе се измени со тоа дека национално ослободителните војни се воделе за Северна Македонија? што ќе биде фалсификување на се’ што значи македонски вековен стремеж за државност и признавање?

Почитувани,

Зоран Заев посочи на измена на членот 3 од Уставот, што е многу индикативно, прво што еднаш е променет во 1992 година на инсистирање од Грција, а второ, заради неговата содржина, која што ја цитирам: „Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива. Постојната граница на Република Македонија е неповредлива, Република Македонија нема територијални претензии кон соседите. Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципите на добрососедство и во согласност со општоприфатените меѓународни норми”.

Владата, извршната власт, потписниците на Договорот, преговарачите, Зоран Заев, мора веднаш да одговорат што се бара од Република Македонија? Дали се бара да се откаже од нејзините граници, или од нејзината неделивост и неотуѓивост на територијата?

Почитувани,

Зоран Заев го наведе членот 49 од Уставот на Република Македонија дека ќе биде менуван согласно барањата на Грција, иако и тој е менуван исто во 1992 година исто по барање на Грција. Оттука, што е спорно во членот 49 кој што гласи цитирам: „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Република Македонија во странство.“

Дали согласно членот 7 од Договорот од Преспа, Владата прифати дека ниту има македонски народ, ниту има македонски јазик надвор од границата на денешна Република Македонија што ќе биде целосно спротивно на фактите на теренот? Дали Владата прифати дека нема Македонци надвор од Република Македонија и дека нема македонски јазик надвор од Република Македонија?

Почитувани, овие измени и фалсификувања на историските факти во Уставот нема да завршат тука. Тие ќе бидат темел за менување на се’ она што ќе го работи грчката комисија за долгогодишно ревидирање, бришење на учебниците, картите, бришење на архивите, за фалсификување на државните, но и на личните и семејните сеќавања на трагедиите и борбата за Македонија.

Затоа овие прашања заслужуваат одговор за да можат граѓаните да донесат правилна одлука што ќе прават на 30-ти септември. Владата треба да е искрена и да им каже на граѓаните дека на 30-ти септември не одлучуваат за Европска Македонија туку дали ќе се обезличи македонскиот народ и ќе се создаде нова држава која што ќе се вика Северна.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top