На прво место

И сега европјани и натовчани од СДС, до кај сте со кампањата за Европска и НАТО Македонија?

ДИК ги расчисти дилемите-Овој референдум НЕ Е ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!

ДИК им ги расчисти дилемите на граѓаните! Овој референдум НЕ Е ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ!

За НАТО, Собранието има донесено одлука во 1993 година и за зачленување во оваа меѓународна организација НЕ Е ПОТРЕБЕН РЕФЕРЕНДУМ согласно Уставот!

“Кога ќе завршат преговорите по поглавјата за пристап во ЕУ ќе се организира нов задолжителен референдум-рекоа од ДИК”.

И сега европјани и натовчани од СДС, до кај сте со кампањата за Европска и НАТО Македонија?

РЕФЕРЕНДУМОТ Е ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ИДЕНТИТЕТ, ИСТОРИЈА И СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО ДА НЕ СЕ ЗАЛАЖУВАМЕ!

За овој референдум да се смета за успешен потребни се 2 услови: Половина од запишаните избирачи плус еден да излезат на гласање, и половина од излезените плус еден да гласаат „за“. Тоа се двата услова кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум на 30 септември, појаснија на денешниот брифинг од ДИК.

На новинарско прашања дали има разлика во условите кои треба да се исполнат кога референдумот е обврзувачки, од ДИК посочуваат дека има разлика, а тоа зависи за што се распишува.

Кога има задолжителен референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус 1 од гласачите треба да се „за“. Тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација. Во иднина, посочуваат, кога ќе ги завршиме разговорите по поглавјата за пристап во ЕУ повторно ќе мора да организираме референдум за членство, тогаш би бил задолжителен референдум со апсолутно мнозинство, а за НАТО веќе има донесено одлука Собранието во 1993 година.

Потврдија дека молкот пред референдумот е 48 часа. Приемот на материјалите ќе биде во просториите на ДИК. Резулатите за излезноста, на денот на референдумот, ќе бидат соопштувани шест пати.

Во ДИК очекуваат во иднина да се усогласат Законот за референдум и Изборниот законик. Нагласуваат дека тие не можат да кажат дали референдумот ќе биде успешен или не, туку ДИК, велат, ги соопштува резултатите и од гледна точка на техничкиот аспект.

http://media24.mk/2018/09/21/%D0%B4%D0%B8%D0%BA-%D0%B3%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%87%D0%B8%D1

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top