На прво место

Анкета на ОМД покажува 84% од Македонците ќе Бојкотираат

omd

OMD

Анкета на ОМД покажува 84% од Македонците ќе Бојкотираат

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) спроведе анкета за истражување на јавното мислење од 6-ти до 18-ти Септември 2018 година, составена од 5 прашања поврзани со претстојниот референдум на 30-ти Септември 2018 година. Анкетираните учесници се само-идентификуваа преку прашања поврзани со нивното постојано место на живеење, пол, возраст и националост. Приближно 60% (или 1,025) од анкетираните испитаници моментално престојуваат во Република Македонија, додека останатиот дел ја сочинуваат македонската дијаспора.

Резултатите од анкетата на ОМД покажаа недвосмислена поддржка кон движењето за бојкот на референдумот. Клучен принцип во едно демократско општество е правото на поединецот да гласа на слободни и фер избори со цел да го изрази своето политичко мислење и став. Одлуката за искористување на правото на глас или неискористување на истото, е лична определба на поединецот. Покрај големите напори на македонската влада да обезбеди поддршка за договорот преку агресивна медиумска и теренска кампања и со притисок од меѓународната заедница, резултатите покажуваат дека мнозинство од гласачите (поточно 84.6%) нема да го искористат своето право на глас во знак на бојкот.

Причините за бојкот на референдумот се многубројни, меѓу кои се вклучуваат правните недоследности во договорот со Грција како и катастрофалните последици од применување на истиот. Резултатите покажуваат дека мнозинството (86.3%) верува дека договорот го загрозува суверенитетот и постоењето на Република Македонија, и воедно ја нарушува посебноста на македонската култура, идентитет и јазик. Народот исто така не верува дека промената на името ќе доведе до економски просперитет (87.3%), претставен како основен аргумент за движењето “ЗА”.

Доследноста во одговорите на второто и третото прашање укажува на фактот дека потенцијалните гласачи не веруваат во владината кампања која има за цел да ги убеди дека промената на името на државата е нужно зло за просперитет на нацијата (quid pro quo). Иако Македонците во континуитет ја поддржуваат идејата за членство во ЕУ и НАТО, кај мнозинството од нив преовладува ставот дека промената на името е превисока цена за потенцијална евроатланска интеграција. Според анкетата, quid pro quo не држи вода имајќи во предвид дека a) членството во НАТО, што е воена алијанса, нема поврзаност со економскиот просперитет на земјите членки, б) членството во ЕУ – далечна надеж за 2030 година – не зависи од промена на името туку од суштински реформи, и в) со договорот Македонија не добива никакви гаранции но истиот и дозволува на Грција да го кочи напредокот на Македонија во НАТО и ЕУ без никакви правни последици.

Конечно, истражувањето покажува дека се пројавува раскол во кампот на кампањата “ЗА”, поточно неединство помеѓу оние кои гласале за актуелната владејачка гарнитура на последните парламентарни избори и оние кои го поддржуваат Преспанскиот Договор. Како што е и очекувано, поддржувачите на актуелната власт се чувствуваат излажани, тврдејќи на анкетата дека не би гласале повторно за влада која би го променила уставното име на државата (90.4%).

Земајќи ги во предвид резултатите од истражувањето, Обединетата Македонска Дијаспора не гледа реално и практично сценарио за постигнување на цензусот (903,000+) и мисли дека референдумот ќе пропадне по основ на недоволна излезност. Мислиме дека само изборен фалсификат од историски размери може да го доведе неуспехот во прашање. Неуспешниот референдум ќе докаже дека мнозинството Македонци не го одобруваат Преспанскиот Договор и со самото тоа тој станува ништовен. Во случај на пропаднат референдум, сегашната власт ќе го изгуби политичкиот легитимитет што може да биде предвесник за предвремени избори.

Анкетата беше подеднакво распределена на полова и етничка основа, соодветно дистрибуирана помеѓу Македонците, Албанците, Власите, Ромите, Турците, и останатите етнички малцинства. Прашањата и одговорите беа поставени на македонски и англиски јазик.

За резултатите за Македонија кликнете овде.

За резултатите вклучувајќи ја дијаспората килкнете овде.

Во прилог, анкетата е прикачена во целост.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top