На прво место

Заслужуваме Подобро

logo

logo

Ние ја имаме таа судбина да секоја генерација Македонци се соочува со своја борба поврзана околу нашето битие, идентитет и државност. Ова е нашата вековна идентитеска борба која се манифестира во разни форми, преку вооружена борба, градење на институции, дипломатски или пак на референдум.

Илинденците како и Асномците се бореа херојски, храбро гинејќи за идеалите на Македонската државност и идентитет се до нејзино оформување во 1944 со АСНОМ-ското собрание. Но имање на своја држава не значеше и прекин на борбата. Во Федерална Република Македонија борбата, иако тивка сепак траеше. На што Блаже Конески ќе каже, ‘Големо ни е Името, ќе сакаат да ни го земат’.

Со осамостојувањето на Република Македонија во 1992 и оспорувањето од страна на Грција, нашата идентитетска борба се распламти и продолжи но овој пат, на дипломатско поле.

Но сега, 26 години од остварување на историскиот сон на нашите предци и на сите нас да имаме своја Македонска држава, се најде предавник, еден од нас, да посегне по она што е дел од нас, во себе што го носиме, и за она што генерации пред нас гинеа и макотрпно се бореа, нашето име. Името Република Македонија е дел од нашиот идентитет и со менувањето на името на РМ ќе се смени дел од нас и тоа ние треба да го спречиме.

Со имплементација на срамниот договор од наша страна, постои ризик Грчкиот парламент никогаш да не го ратификува истиот оставајќи не заглавени со срамно име и обезличени. Втората и исто толку погубна варијанта е грчкиот парламент да го ратификува договорот и Македонија под срамно име да влезе во НАТО, но некоја идна Грчка влада да стави вето во нашето напредување кон ЕУ. Исто како што Грците направија со привремениот договор со Република Македонија кој во 2008 го прекршија.

Ова е можно да се случи зошто со сегашниов договор, Грција не го признава македонскиот идентитет а поголемиот дел од Грчките политички партии никогаш нема да се помират дека дел од името на нашата држава го содржи името Македонија. Ова е еден разлог повеќе зошто да не го имплементираме договорот.

Ова е наша борба во кој ние мора да победиме.

Затоа ние повикуваме на бојкот на Референдумот на 30ти Септември 2018 затоа што е најефективен чекор кон поништување на срамниот договор. Успешен бојкот ја гарантира политичкиот пад на оваа срамна влада предводена од Заев но исто така ќе ги присили нашите идни лидери да бараат алтернативни решенија кои ќе придонесат до економски, политички и меѓуетнички просперитет во Република Македонија.

Заслужуваме Подобро.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top