Претседателот Иванов на прием кај Доналд Трамп
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, заедно со својата сопруга Маја Иванова, присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на САД Доналд Трамп за шефовите на делегациите на 73-то Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк.
Според претходните нaјави, утре македонскиот претседател ќе се обрати на Генералното собрание на ОН.