Македонците им одржаа лекција на народите, капа доле!
Креаторите на македонската мека обоена револуција – која завршницата ја доби во избори и постизборни манипулации кои на власт ја донесоа америчко-шиптарската коалиција на чело со експонентот на тајните служби на САД и НАТО, Зоран Заев, не се осудија на Македонците да им овозможат на референдумот да се изјаснат за „Северна Македонија“. Сметаа дека топката ќе им ја протнат низ нозе со ветувања за евроатлантски рај, и плашење со лош живот и самоизолација. Згора на Македонците им приредија и вистинска инвазија од свои функционери кои им објаснуваа дека тие и Грците најдобро знаат што е добро за Македонците.
Ама, не им вредеше.
Распукаа на македонскиот референдум и Европската унија и НАТО. И ветувањата-наметнувањата на евроатлантските златни брда и долини/иднини.
Македонците не се фатија ни на мамците на ЕУ, ни на НАТО-јадицата. Им одржаа лекција на многу поголеми европски народи.
Капа доле!
Целиот текст на Факти.орг.