На прво место

Бламажа на западот во Македонија

ДОЈЧЕ ВЕЛЕ: Спиновите не помогнаа, бламажа на западот во Македонија

Слабата излезност на референдумот во Македонија е шамар за западот и тука спиновите за изборните резултати не помагаат пишува Дојче Веле.

Луѓето на Балканот се уморни од фразата “европска перспектива” и “заедница на вредности”, стои во анализата на Дојче Веле. Одѕивот изнесува само 36,9 отсто, а поддршката за промена на името дадоа 91,5 отсто од излезените на референдумот.

Овие два фактори за македонскиот референдум германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг ги става во контекст: “Поддржувачите на власта посочија дека де факто излезноста на гласачите беше доста повисока. Стотици илјади Македонци се преселија надвор од нивната татковина во последниве години, но се уште се наоѓаат на избирачките списоци. Во некои региони особено погодени од емиграцијата ќе беше потребен одѕив од 70 отсто или повеќе за да се дојде до 50 отсто излезност. ”

Премиерот Зоран Заев го призна ова, надевајќи се дека и покрај малиот одзив, тој може да има доволно аргументи за промовирање на уставните измени преку парламентот. “Ако беше постигнат потребниот цензус, можеби ќе беше разбирливо дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, која во Парламентот во Скопје има најголема парламентарна група, заедно со владејачката партија, ќе гласаа за промена на Уставот. Но, тоа сега отпаѓа, бидејќи одѕивот беше далеку од потребниот”, пишува ФАЦ.

Во краток коментар, кој беше објавен од страна на истиот весник пишува дека, по толку лоша излезност „политичарите кои инаку постојано зборуваат за тоа како демократијата е посебна вредност, не треба бараат парламентот да гласа за Договорот од Преспа. Особено е збунувачко што во Грција се жалат на национализмот во регионот, бидејќи спорот за името немаше да постои без апсурдните барања на Атина. Македонските пратеници, секако, може, и покрај се, да донесат одлука за промена на името, но тоа треба да го прават со своја волја. Во секој случај, Западот треба да има план Б.

Новинарката на Велт од Скопје вели дека “еуфорија може да се предизвика губење на чувство за реалност” – и тука се мисли на изјавите на западните политичари за тоа како референдумот е наводно голем успех. “И НАТО и ЕУ претрпеа голем пораз, што не се споменува во нивните изјави. Слабиот одзив на гласачите е срам за Западот, од каде најважните политичари последниве неколку недели ја посетија Македонија и го промовираа Договорот од Преспа”, додава угледниот берлински весник.

Слично пишува и минхенскиот Зидојче Цајтунг. Само една третина од гласачите гласаа и во таа смисла „ги изненадија лидерите од Скопје и Брисел. И покрај сите бројки од неуспешниот референдум, тие се обидуваат да го продадат како успех. По борбата за гласовите започна расправија за толкувањето на резултатите. Прво, комесарот на ЕУ Јоханес Хан опасно избрза. Тој ги повика политичарите да ја прифатат одлуката и да работат за благосостојбата на земјата, без оглед на партиските поделби. А тоа значи: да го прифати новото име на земјата. ”

“Позицијата на Хан е разбирлива ако се знае дека западната дипломатија многу инвестираше во Договорот од Преспа. Но тоа е направено само во последно време, и токму тука е проблемот. Долгогодишната политика на грчката блокада се сметаше за билатерален проблем. За некои европски политичари, грчката кочница беше дури и добредојдена – тие не беа многу заинтересирани за новото проширување на НАТО и на ЕУ “.

Новата западна офанзива со шарм не ги импресионираше граѓаните на Македонија, пишува Зидојче. “Наместо тоа расте аверзијата кон реториката на интеграција: европска перспектива, вредности на заедницата, семејството нации – кој би сакал да го слуша тоа во европската чекална? Влијанието на ЕУ не ја уништи руската или турската мека сила (особено во Македонија која се плаши од Бугарите и Србите што зборуваат руски јазик). Тука станува збор за неодлучноста на ЕУ, и пред сè неодлучноста на нејзините членки – што не знаат што да прават со земјите од Западен Балкан “.

Познатиот швајцарски весник Ноје Цирхер Цајтунг ја коментираше изјавата на Хан дека Македонците убедливо поддржале промена на името: “Ова едноставно не е точно. Хан го раскажува фактот дека во земјата очигледно нема мнозинство за промена на името наметнато од Грција. Тоа е горко за ЕУ ​​и НАТО, кои со месеци се залагаат за договорот. Ова покажува колку, во меѓувреме, е намалено влијанието на Брисел на Западен Балкан. Тука не помагаат ни омилените изговори дека за состојбата се криви „руските манипулации“ на социјалните мрежи.

https://kurir.mk/makedonija/vesti/dojche-vele-spinovite-ne-pomognaa-blamaza-na-zapadot-vo-makedonija/

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top