На прво место

Ниту Заев, ниту било кој друг не смее да ги крши законите и Уставот на државата

Поради преголемиот пораз на референдумот Заев и неговиот картел преместуваат, бркаат, уназадуваат и малтретираат вработени во администрацијата

Македонскиот народ не успеале да го скршат и заплашат ниту тирани кои брутално ги ликвидирале патриотите само заради нивната љубов кон Македонија. Тоа нема да му успее ниту на Зоран Заев кој тргнува против народот само затоа што не доби поддршка за неговата политика на откажување од се што е македонско. Зоран Заев е готов да го тргува македонскиот идентитет, име, култура, историја и традиција само за да ја спаси својата кариера и да добие амнестија за криминалот во кој што е заглавен. За среќа народот покажа дека не е подготвен да поддржи ваква антидржавна политика.

Заев во паника од преголемиот пораз кој му го нанесоа граѓаните се пресметува со сите кои гласаа против или апстинираа затоа што си ја сакаат државата.

Вработените во администрацијата се први на удар на незаконието на власта. Незаконски, надвор од сите процедури се бркаат, преместуваат, уназадуваат и малтретираат вработени во администрацијата.

Заев и картелот околу него ја деградираат правната држава. Охрабрени од моменталната власт која ја имаат тие вршат незаконски дејствија.

Незаконски се врши притисок врз вработените во УЈП, кои апстинирале на референдумот.

Незаконски се уназадуваат и преместуваат, само затоа што ја сакаат Република Македонија.

Притисоци има и во Генералниот секретаријат на владата на Република Македонија, ЈСП, но и сите институции на централната и локалната власт.

СДСМ доживеа дебакл на референдумот за промена на името. 1 милион и 200 илјади Македонци му кажаа НЕ на Зоран Заев и капитулантските политики што ги води. Договорот од Преспа е правно – политички мртов, колку порано Зоран Заев тоа го прифати толку подобро.

Граѓаните и покрај сите закани, притисоци и уцени се одважија и храбро се спротивставија на криминалниот картел на чело со Зоран Заев, тие со својата апстиненција гласно кажаа дека Република Македонија победи.

Ниту Заев, ниту било кој друг не смее да ги крши законите и Уставот на државата. За сето незаконие што се врши сега од претставниците на власта мора да следи одговорност. Секој кој ги прекршил законите ќе одговара со враќањето на правната држава. Република Македонија ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top