На прво место

Битките за спас на Македонија и нашиот идентитет допрва претстојат

МАЕСТРАЛНИОТ АЛЕКСАНДАР РУСЈАКОВ ВРЕДИ ДА СЕ ПРОЧИТА

Христовото учење, како камен-темелник на Вистината, ги учи верните дека за сè треба да му благодарат на Бога. Сеедно дали станува збор за радост или трагедија, среќа или болест, мир или вознемиреност, награда или казна, Божјата премудрост ја креира вечноста и Неговата промисла не можеме да ја разбереме со нашата логика, затоа што духовното слепило го заштитивме како бренд. Оттука, нашето битисување среде просторот и времето не е случајно. Нашето време е миг за вечноста. Затоа треба да го зграпчиме мигот, да го живееме мигот, да го исполниме со добри дела, а не само со ласкави зборови.

Му благодарам на Бога што ги живеам времево и просторов. Време – почеток на 21 век, простор – Република Македонија. Како што мироносците ја посведочиле Христовата голгота, а светите маченици страдајќи ја сведочеле Христовата вистина, како што стотици илјади невини жени горејќи во оган ја посведочиле безумноста на инквизицијата, како што Хармс, Есенин, Мајаковски, Солженицин и милиони други сведоци страдале од советската диктатура, а Евреите од листата на Шиндлер го сведочеле нацистичкиот геноцид, така и ние сме тука да ја посведочиме македонската голгота, измачувањата што ги врши врз нас изопачената светска моќ, која како некоја безумна инквизиција ни воведе диктатура на лажната демократија со една единствена цел, спроведување идентитетски геноцид врз Македонците. А нема генерација Македонци што не страдале сведочејќи ја македонската голгота. И не, не треба да се жалиме, да лелекаме, да роптаме. Напротив, страдањето и мачеништвото живеени и преживеани заради сведочење на Вистината се случуваат за да се обелодени, разголи и изобличи злото. Самото зло, во секоја негова форма, не може да се победи никако поинаку, освен преку добри дела.

Македонија низ историјата била парчосувана, укинувана, тероризирана. Ама секогаш, како феникс повторно се кревала. Но сето тоа страдање се случувало под окупација. Она што нас нè плашеше, нас кои одлучивме да застанеме во одбрана на името и идентитетот и така ја сведочиме македонската голгота на почетокот од 21 век, е фактот дека овој пат ликвидацијата на Македонија и идентитетскиот геноцид требаше да ги спроведе македонскиот народ во сопствената слободна и суверена република, а не некаковси окупатор. На 30 септември 2018 година, овој страв и дилемата произлезена од него засекогаш се решени. На референдумот две третини од македонскиот народ, бојкотирајќи ја триглавата безумност на поставеното прашање, дадоа до знаење дека ова парче земја ќе остане Република Македонија, потврдувајќи ја сопствената референдумска одлука од 1991 година. Така народот одлучи. Во нормални време и простор сето ова би било прифатено… па, нормално. Но ова ниту е нормален век, а среде овој наш простор наречен Македонија, само безумното се третира за нормално.

Што уште да се каже за референдумот а веќе да не е кажано? Целта на оваа колумна е демаскирање на злото. А злото, веќе реков, треба да се обелодени, разголи и изобличи. Неговото јасно обелоденување траеше од 27 април 2014 до 27 април 2017 година, преку специјалната војна на изопачената светска моќ против Република Македонија. Од наредбата на „длабоката држава“ Заев да не ги признае изборните резултати, преку прислушуваните разговори доставени од британските тајни служби, до злосторничкото здружување за нелегитимен избор на собранискиот претседател и уништување на движењето „За заедничка Македонија“, целта не беше рушење на власта на ВМРО-ДПМНЕ, туку рушење на македонската држава. Им успеа. Но за оние што знаат да ја читаат реалноста меѓу редови, злото беше обелоденето. Таквото обелоденето зло само се разголува. Тоа се случи од октроирањето на недемократската власт до потпишувањето на договорот со Грција во Преспа. Платформа од туѓа земја, договор со друга соседна земја со кој се откажуваме од сопственото малцинство и историја, политичко-полициски монтиран случај и тортура врз уставобранителите, криминалци по улиците, терор, кражби, убиства, тендери, фондови за иновации и, на крајот, договор со трета соседна земја, со кој сами си ги укинуваме името и идентитетот, ете вака се разголи злото. За овој дел од македонската голгота имам напишано десетици колумни. Затоа ќе преминам на последната фаза од демаскирање на злото, неговото изобличување.

Основните алатки на злото се лагите и манипулациите, лицемерството и двојните стандарди, уцените, притисоците и насилството. Сето ова, со најголем интензитет, го почувствувавме врз нас од потпишувањето на договорот со Грција до одржувањето на референдумот. „Длабоката држава“, ЕУ, НАТО и нивната окторирана власт тука буквално нè силуваа со својата незаконска предреферендумска кампања. Се истурија милиони евра од домашниот буџет, од даночните обврзници на САД и ЕУ, но и црните пари на изопачената моќ наменети за операции како нашава, укинување на еден народ и држава. Македонија заличи на јавна куќа за светски моќници. Ни се редеа со своите лаги и уцени, се закануваа дека ако не гласаме немаме право на мислење, ги исфрлија од себе сите наталожени фрустрации што не смеат ни да ги помислат дома, а истовремено, сметајќи нè за малоумни, тврдеа дека Руси ни го переле мозокот. ЕУ отиде дотаму што злоупотреби деца за својата политичка кампања ставајќи ги на плакати. Ги лажеа граѓаните дека во ЕУ ќе имаат бесплатно здравство, дека Унијата двоела по 260.000 евра дневно за нас. Така малтретираа странците, додека нивните тукашни октроирани поданици ја впрегнаа својата криминална машинерија, па тргнаа да потплаќаат, уценуваат и застрашуваат. И пак им рокна референдумот.

Сеедно што на денот на одржувањето како здивени полнеа кутии. Во некои општини излегува дека на секои 6 секунди некој ставал ливче во кутијата. Е, ама пропадна референдумот, не стигнаа до цензус, бројките излегоа катастрофални и покрај полнењето кутии. И што направија? Разобличеното зло го губи тлото под нозете, па си прогласија победа без цензус. Тукашните си прогласија победа, светските моќници им ја честитаа. Демек ние сме морони, па не ги паметиме референдумот во Каталонија и однесувањето на светската изопачена моќ кон него. Тука завршувам, ако ви требаат уште докази за демаскирање на злото, тогаш навистина сте при очи слепи. Но злото нема да го напушти бојното поле, каде што од позиција на неконтролирана моќ беше поразено од еден мал, но силен народ. Најголемите злосторства германските нацисти ги направија повлекувајќи се, откако беа поразени. Битките за спас на Македонија и нашиот идентитет допрва претстојат.

https://republikamakedonija1.blogspot.com/2018/10/blog-post_96.html

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top