На прво место

ММДЧП им честита на Македонците за тоа што одлучно го отфрлија референдумот чија цел беше да ги смени нивното име и идентитет

zatvor-za-zaev

zatvor-za-zaev

Од оние што имаат овластување бараме предавникот Заев веднаш да биде уапсен.

ММДЧП со месеци повикува на апсење на предавникот Зоран Заев и неговите криминални партнери и ние ќе продолжиме со таквите наши барања се’ додека тие конечно не се најдат позади решетки, каде што и припаѓаат.

Се докажа дека тие се најкоруптивните предавнички змии во македонската историја.

Македонците се обединија во одбрана на името и етничкиот идентитет на сите Македонци (вклучително и милионите Македонци надвор од Република Македонија) со тоа што во огромен процент го бојкотираа нелегалниот референдум кој им беше наметнат од страна на САД, ЕУ, НАТО на 30-ти септември, 2018 година. Целта на оваа фарса беше да се смени името на Република Македонија во „Република Северна Македонија“ и да се редефинира се’ што е македонско, со цел да и’ се удоволи на Грција.

Грција, од своја страна, тврдеше дека ќе се откаже од своето право на вето и ќе и’ „дозволи“ на Република Македонија да се приклучи на НАТО и ЕУ. Наместо да и’ помага на Грција во својот признат обид за културен геноцид над Македонците, Западот требаше да ја брани Македонија и да ги критикува Грците за таквото флагрантно кршење на човековите права и на меѓународните закони, во име на несигурната цел наречена „Евроатлантска интеграција“.

Па сепак, Западот уште еднаш покажа дека ќе продолжи со кршење на демократските принципи кои тврди дека ги поддржува, со цел да ги постигне своите антимакедонски цели спротивни на човековите права. Во моментов, нивната цел е експанзија на НАТО по секоја цена.

И покрај бројните изборни прекршоци и полнење на кутиите, „владата“ под контрола на Западот успеа да собере само 36% од вкупното гласачко тело, додека вистинскиот одзив на изборите беше под 20%. Дури и Државната изборна комисија, која е под контрола на Владата, мораше да го прогласи референдумот за неважечки, затоа што не стигна ни блиску до изборниот праг од 50%.

Па сепак, Стејт Департментот на САД, официјални претставници на ЕУ и нелегитимниот „Премиер“ Зоран Заев, спротивно на секоја логика, прогласија победа, тврдејќи дека „мнозинството од оние кои гласаа“ (што е исто така неточно, и главно се однесува на етничките Албанци), избрале да го сменат името на Македонија.

Ова е како некој кој има писмена по математика, и кој успеал да одговори само 20 од 100 прашања, да тврди дека добил 90% на тестот затоа што 18 од тие 20 прашања ги одговорил точно. Вистината е, се разбира, дека тој кандидат паднал на тестот, со оценка од само 20%. Во случајот на Зоран Заев и неговите надредени, дури и со измамите, исходот е излезност од патетични 36%.

Македонските граѓани му зададоа одлучен удар на Заев и неговите западни поддржувачи, но Западот, како што само тие знаат, се осмели да спинува таков одлучен пораз како „победа“ за да ги исполни своите империјалистички аспирации.

Од претставниците на САД, ЕУ и НАТО, ММДЧП бара објаснување за тоа како е можно ова да се смета за „победа“.

Од западните медиуми, кои ја објавија истата дезинформација, исто така очекуваме смешно објаснување.

Освен ако западните политичари и медиуми сакаат да продолжат да го потврдуваат својот очигледен расизам и мешање во политиките на суверени земји, тие точно ќе известуваат – и ќе ги бранат – Македонија и Македонците.

Не зборуваме само за Македонците во Република Македонија. Целиот регион на Македонија беше поделен во 1913 (факт кој го признаваат сите, дури и окупаторите) помеѓу Србија/Југославија (делот кој сега е независна Република Македонија), Бугарија, Грција и, подоцна, Албанија. Македонците се борат со обидите за нивно бришење уште од тогаш. Иронично е што Грција ја забрани употребата на терминот „Македонија“ и го одрекуваше нејзиното постоење, се’ до драматичната промена на пропагандата во 1988, кога започна кампања со која се обидува да го прелаже светот дека Македонија е „грчка“.

Понатаму, „договорот“ од Преспа кој Западот се обидува да и’ го наметне на Македонија, би го редефинирал самото значење на поимите „Македонија“ и „Македонци“, и со тоа сосем би го избришал етничкиот идентитет на сите Македонци и нивните најосновни човекови права. Но, Западот го знае ова, и не се грижи за истото. Единствено им е важно да се исполнат нивните планови за „европска интеграција“.

Ако западните лидери се навистина заинтересирани за човекови права, демократија, владеење на правото и „волјата на народот“, како што тврдат, тие ќе го запрат дебаклот со името на Македонија и ќе бараат итно апсење на Зоран Заев – како што тоа го прави Македонското меѓународно движење за човекови права. Ќе престанат да му помагаат на Заев во неговото прекршување на законот, уставот и собраниските правила, затоа што сите овие постапки се прекршоци казниви со закон – според Уставот на Република Македонија и на секоја друга независна земја.

Најпосле, западните дипломати тврдат дека „шефовите на државите“ имаат право да ги спроведуваат постапките на Заев. Но ова секако не може да се прави во спротивност со законот, демократијата и основните човекови права, кои (наводно) се загарантирани со сите конвенции за човекови права. Најважен, но намерно прескокнуван момент е што вистинскиот „шеф на државата“ во Република Македонија е всушност Претседателот Ѓорге Иванов – кој го осуди нелегалниот референдум.

Македонското меѓународно движење за човекови права му благодари на Претседателот Иванов што во своето одлучно обраќање во Генералното Собрание на ООН на 27-ми септември, 2018, и во своето својство на шеф на државата во Република Македонија, го изложи ставот на ММДЧП дека правото на самоопределување на Македонија мора да се почитува и брани од страна на сите земји-членки на ООН. Тој ги отфрли тактиките кои се користат против македонскиот народ и побара сите дискусии за името веднаш да престанат. Претседателот Иванов објави пред светот дека Нашето име е Македонија – и дека истото никогаш нема да се смени.

Според сопствените повелби, Обединетите Нации мораат веднаш да дејствуваат за да ги заштитат името на Македонија и идентитетот на сите Македонци. Македонија и целиот свет чекаат.

Најново од: На прво место

35 години од првиот Устав на независна Македонија

На 17 ноември 1991 година, Собранието го усвоил првиот Устав на независна Република Македонија со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Со Уставот, донесен по референдумот за независност од 8 септември 1991 година, биле утврдени државното уредување, основните права и слободи на граѓаните и поделбата на власта на законодавна, извршна и судска. Референдумската одлука за […]

Амбасадорите на Вишеградската група со порака од Скопје: Македонија има сојузници на патот кон ЕУ

Во заедничкиот текст по повод 17 ноември, амбасадорите на Словачка, Чешка, Полска и Унгарија ја поврзуваат 35-годишнината од донесувањето на Уставот на независна Македонија со демократските промени во Централна Европа во 1989 година. Словачка, Чешка, Полска и Унгарија остануваат поддржувачи на европската интеграција на Македонија и застапници на нејзиното членство во Европската Унија. Ова е […]

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Филипче и СДС за влезот на Алта банка

Филипче и СДС се во политички ќорсокак, фактите и документите за Алта Банка ги демаскираа лагите затоа сега се кријат и бегаат од одговори Кога фактите и документите за Алта банка излегоа на површина Филипче и СДС се кријат и бегаат од одговорност. Откако со месеци ја користеа Алта банка за ширење политичка паника, Филипче […]

Вајц ја гледа Македонија меѓу предводниците во преговорите со ЕУ

Во обраќањето пред Собранието, европратеникот ја нагласи важноста на доследната примена на законите за привлекување инвестиции и на изборот на стручни кадри за враќање на довербата во институциите. Томас Вајц, Македонија, Европска Унија, пристапни преговори, блокади од Бугарија, владеење на правото, парламентарен надзор, борба против корупцијата, избор на раководни кадри, доверба во институциите Македонија, со […]

Мицкоски од Брисел – проширувањето на ЕУ мора да се темели на заслуги, реформи и резултати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Брисел порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се темели на заслугите на земјите кандидати, на спроведените реформи и на конкретните резултати. Тој се обрати на Форумот за проширување на ЕУ („EU Enlargement Forum 2026“), во организација на Европската комисија. Мицкоски истакна дека Македонија е посветена на спроведувањето на […]

До кога ќе бидат исклучени микрофоните на Бихаќка?

На Бихаќка, по неколку месеци силен тон за Алта банка, микрофоните одеднаш стивнаа. Штета, токму кога публиката почна да поставува прашања. А првото беше сосема едноставно. Кој прв ја отворил вратата за Давор Мацура да купи акции во Македонија? Според Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ, одговорот води до времето кога СДС беше на власт. Ако е така, […]

Политичари пазарџии

Реформаторската иницијатива „12:05“ во СДС во денешното соопштение упати остра критика за измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година, кога партијата беше на власт. Според иницијативата, со тие измени се отвори пат за побрзо застарување на предметите за политичка корупција. „Нема никаква дилема дека со скандалозните измени на Кривичниот законик од 2023-та дел од […]

Вистината е како шило – понекогаш доцни, но секогаш излегува на површина

Доказ за „демократијата“ во Бугарија, членка на ЕУ? Во аудиоснимките што ги објави бугарскиот новинар Станислав Цанов, Ива Михаилова зборува за притисок од бугарската служба ДАНС и за закани дека ќе ѝ биде ускратена рехабилитацијата. Случајот на Ива Михаилова, кој дел од бугарските политичари и медиуми го претставуваа како пример за дискриминација во Македонија, сега […]

To top